Site icon United Macedonian Diaspora

Претставникот на ОМД за Монтреал Александра Настеска е еден од добитниците на наградата 25 најистакнати имингранти

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство објавува дека нашата преставничка за Монтреал, Александра Настеска, активист за зачувување на животната средина, е еден од добитниците на наградата топ 25 имигранти во Канада за 2013 – наградата, чиишто добитници ги бираат граѓаните, ги слави непознатите успешни приказни на најистакнатите имигранти. Настеска е првата Македонка која ја добила оваа престижна награда. Кликнете овде за страната од наградата.

“Чест ми е и привилегирана сум да бидам еден од овие топ 25 канадски имигранти. Навистина сум изненадена и мошне возбудена да ја споделам оваа вест со моето семејство и пријатели. Да се биде победник, рамо до рамо со извонредни луѓе кои оствариле огромен придонес за Канада, како на пример професорот и автор на книгата Јас нема да мразам, д-р. Изелдин Абјулеш, номиниран за Нобелова награда, НБА кошаркарската ѕвезда Стив Неш и судијата Мајкл Тулок помеѓу другите, ви дава огромно чувство на успех,” изјави Настеска.

“Се надевам дека оваа победа ќе придонесе кон зголемување на видливоста на Македонците во Канада и воедно ќе ја демонстрира нашата способност и посветеност кон понатамошно унапредување на Канада во земја која ги почитува и слави различностите.”

На Настеска, која беше една од 600-те номинирани и една од 75-те финалисити, наградата и беше врачена во четвртокот на церемонија во Торонто, хостирана од страна на Нил Коксал, познат новинар и водител на канадски вести. На настанот беа присутни и претставници на ОМД од Канада, како и канадско-македонските медиуми.

Помеѓу останатите добитници на наградата за оваа година се и Стив Гупта, хотелиер и хуманитарец, Мамдух Шукри, претседателот на универзитетот во Јорк и д-р. Индира Самаресекера, претседател и про-ректор на универзитетот во Алберта. Признанието се доделува за значајни и инспиративни достигнувања на канадски имигранти од цела Канада.

За интервјуата од дневниот печат и на радио/телевизија, Ве молиме контактирајте го Зоран Настески на 071833186.

Exit mobile version