Site icon United Macedonian Diaspora

Поради кризата во Украина, на самитот на НАТО проширувањето треба да биде приоритет на САД

Во среда, 12 март 2014 година, Коалицијата на Југоисточна Европа во тесна врска со групата за пријателство со Македонија во Конгресот одржа работен ручек на тема 2014 самитот на НАТО во Обединетото Кралство и проспектите на земјите аспирантки. За слики кликнете овде.

Одржан во елегантната сала на Комисијата за распит во Административниот дом, работниот ручек беше отворен од страна на претседавачот на Комисијата за распит во Административниот дом, конгресменката Кендис Милер од Мичиген, која ја основаше и моментално претседава со групата за пријателство со Македонија во Конгресот и Македонско-Американското пријателство. Конгресменката Милер се обрати на над педесет преставници од Конгресот, амбасадори, дипломати, преставници од Стејт департментот и лидерите на тинк-танк заедницата, за важноста од одржувањето во живот на НАТО проширувањето, потсетувајќи ги присутните за значењето кое Македонија го одигра во НАТО иако таа не е нејзина земја-членка. Таа ги нагласи неодамнешните писма од страна на четириесет преставници на Конгресот до државниот секретар на САД, Џон Кери во кои се бара САД да превземе водство во отворање пат за покана за Македонија и Црна Гора, активирање на Акцискиот план за членство на Босна и Херцеговина и Грузија и партнерство за мир со Косово за време на престојниот НАТО самит.

За време на состанокот, конгресменката Милер ја даде следната изјава: “Како претседавач на пријателската група за Македонија, горда сум што сум домаќин на амбасадорите од Македонија, Босна, Црна Гора, Косово и Грузија, за да го дискутираме проширувањето на НАТО на престојниот НАТО самит. Силно се надевам дека на престојниот самит, Македонија и Црна Гора ќе станат полноправни членки на алијансата, а останатитеи ќе бидат примени како потенцијални членки”.

Претседателот на Обединетата Македонска Дијаспора, Методија А. Колоски, кој го модерираше состанокот, и се заблагодари на конгресманката Милер за нејзиното водство за Македонија и за НАТО проширувањето, како и за нејзините напори за испраќањето на силна порака во однос на тоа дека САД и се забалгодарува на Македонија и на сите земји аспирантки за нивниот придонес во мисиите предводени од САД и НАТО.

Првиот панел беше проследен од двајца многу искусни НАТО експерти, Мајкл Халтцел, постар соработник во Центарот за трансатлански односи на школата на Џон Хопкинс Универзитетот за напредни меѓународни студии и Дејмон Вилсон, извршен заменик претседател на Атланскиот Совет. Двајцата експерти ја истакнаа улогата на Конгресот во однос на тоа дека НАТО проширувањето треба да остане број еден приоритет на САД.

Халтцел го започна својот говор со давање на краток историски преглед на НАТО проширувањето. Според Халтцел, поттикот за проширувањето на НАТО започна во Централна и Источна Европа со личностите Лек Валеса во Полска и Вацлав Хавел во Чешка. Тој потоа ја дискутираше дебатата за проширување во САД за време на администрациите на Клинтон и Буш, како и за улогата која ја одигра Сенатот, посебно заменик претседателот Џо Бајден кога тој беше Сенатор. Проширувањето моментално не е на агендата на овогодинешниот Кардиф Самит, но Халтцел изјави дека во со оглед на моменталната криза во Украина, тоа треба да стане приоритет. Тој истакна дека рационалноста позади проширувањето во 1990 години останува иста и ден денеска, а тоа е обезбедување на “целосна, слободна и мирна Европа”. Халтцел ја истакна потребата Македонија да добие покана, која е блокирана од страна на Грција и покрај тоа што Македонија ги има остварено критериумите за членство во НАТО во изминатите шест години. “Грција треба веднаш да го тргне ветото врз Македонија. Билатералните спорови, како што е прашањето за името, треба да се преговараат билатерално, но тие не треба да го спречуваат зајакнувањето на целата алијанска со вклучување на Македонија” порача Халтцел. Тој исто така повика НАТО да ја покани Црна Гора, да издаде Акциски план за членство на Грузија, како и да испрати позитивни пораки до Босна и Херцеговина и Косово.

Вилсон го потенцираше стратешкото влијание на НАТО и истакна дека најважната акција која САД и НАТО може да ја направат е да демонстрираат дека проширувањето во НАТО е се уште живо. Тој ги информираше присутните дека политиката за проширување на НАТО претставува фундаментална политика на Америка и дека Американскиот проект за стабилизација на Европа каде што “пролеавме крв, изгубивме животи и богатство” мора да продолжи. Вилсон ја истакна потребата да се “разбуди и воспостави моментумот”, а не да се повлечеме и бидеме пасивни. Кризата во Украина мора да биде управувана со тоа што ќе се продолжи со политиката на отворени врати за НАТО со вклучување на Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Грузија и Косово. Нагласувајќи го партнерството со Европа, Вилсон истакна дека проширувањето ќе и помогне на САД да ја промовира својата позитивна политика за слободна и демократска Европа.

Втората панел дискусија продолжи со Амбасадорката Јадранка Негодиќ од Босна и Херцеговина, Амбасадорот Арчил Гегешидце од Грузија, Амбасадорот Зоран Јолевски од Македонија, Амбасадорот Срџан Дармановиќ од Црна Гора и Заменик шефот на косовската мисија, Сами Кастрати, кои ја дискутираа позицијата на своите земји во однос на проширувањето во НАТО.

Амбасадорот Јолевски, кој го отвори амбасадорскиот панел, ја истакна поддршката за НАТО аспирациите на сите соседни земји, нагласувајќи ја поддршката за Босна и Црна Гора во нивниот пат кон НАТО. Тој рече дека на самитот во Букурешт во 2008 година беше испратена погрешна порака до Македонија, но исто така и до Грузија и Украина. Македонија има повеќе од 90% поддршка од јавноста за членство во НАТО и за нејзиното активно учество во миротворните воени мисии во Авганистан и НАТО.

Амбасадорката Негодиќ го охрабри НАТО повторно да ја разгледа овогодинешната агенда за Самитот и да ја прошири поканата за Македонија и Црна Гора, како и да го активира Акцискиот план за членство (МАП) за Босна и херцеговина и Грузија. Таа верува дека одговорот на САД и НАТО во однос на ситуацијата во Украина, што истовремено претставува и повик за будење, е НАТО проширувањето. Препреката која останува за Босна и Херцеговина за да и се даде Акцискиот план за членство е регистрирањето на воените имоти, чија одлука лежи во Бања Лука и Белград.

Амбасадорот Гегешидце ја дискутираше инвазијата на Русија врз Грузиските провинции во 2008 година. НАТО, на ивицата на големата геополитичка смена, треба да има одлучен и силен одговор, и да се вклучи заедно со Грузија, Укарина и Молдавија. “Можно е да се соочиме со понатамошни последици” доколку не ја искористиме сегашната ситуација, истакна Амбасадорот. Амбасадорот постави прашање до публиката зошто Иран или Северна Кореа би се откажале од својата нуклеарна програма, како што стори Украина, кога може во секое време да бидат нападнати.

Амбасадорот Дармановиќ истакна дека САД имаат незавршена работа на Балканот и мора да ја завршат со тоа што активно ќе работат на давањето на официјално членство на Македонија и Црна Гора со неговото “…дека членството во НАТО е од витално значење за Македонија со цел целиот регион да стане постабилен.” Тој повече паралела помеѓу Крим и Република Српска и она што денеска се случува во Украина беше искусено на Балканот со владеењето на Милошевиќ во 90-те години.

Заменик шеф на мисијата на Косово, Кастрати ги истакна реформите во одбраната на Косово во соработка со НАТО и стратешките цели за влез во НАТО и ЕУ. Косово се надева дека ќе добие партнерство за мир. Заменик шеф на косовската мисија Кастрати ја повика САД да остане вклучена на Косово и во регионот и да промовира стабилност и проширување во НАТО.

Коалицијата на Југоисточна Европа им се заблагодарува на конгресменката Милер и нејзината канцеларија за нивната помош во планирањето на настанот, улогата на Амбасадорот Јолевски, како и за великодушноста на Амбасадите на Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Македонија и Црна Гора. ЈИЕ коалицијата им се заблагодарува на членовите на Советодавниот Совет на Босна и Херцеговина, на Хрватско-Американската Национална федерација, Албанско-Американскиот Национален совет и Обединетата Македонска Дијаспора за работењето со пријателските групи во Конгресот на нивните земји за понатамошното проширување во НАТО.

Exit mobile version