Site icon United Macedonian Diaspora

Помогнете да се Промовираат Македонските Производи низ Светот

„ПРОИЗВЕДЕНО ВО МАКЕДОНИЈА“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство ја објавува својата нова меѓународна програма „Произведено во Македонија (Made in Macedonia)“ позната и како „MiM“. Програмата има јасна цел – да ги поттикне Македонците во нашата дијаспора да промовираат македонските производи во целиот свет.

Идејата за лансирање на MiM најдобро ја изразуваат постапките на двајца Македонци од дијаспората кои презеле иницијатива за промовирање на македонските производи во нивните матични заедници.

Подолу се дадени примери за двајца Македонци и нивните искуства во врска со тоа што го направиле македонските производи да станат достапни кај нивните трговци во градот каде што живеат.

Македонците низ нашата дијаспора можат да помогнат на слични начини да ги промовираат производите на Made in Macedonia во нивната околина.

Еве ги приказните за двајцата Македонци.

*** Еден Македонец од дијаспората, кој летувал во Република Македонија, купил неколку шишиња македонско црвено вино пред неговото заминување, за да ги земе назад со него. Откако се вратил дома, набргу сфатил дека ќе му биде тешко да најде македонско вино за купување во неговата близина откако ќе го потроши виното што го купил во татковината.

Контактирал со неколку продавници за вино и продавници за алкохол во неговата околина за да утврди дали продаваат вино од Македонија. Ниту едно од претпријатијата немало македонски вина во својата понуда. Затоа, однел празно шише од виното што го купил во Македонија во неговата омилена продавница за вино од соседството. Го прашал сопственикот дали може да донесе македонско вино во неговата продавница. Тој ги оставил името и телефонскиот број кај сопственикот за да го контактира откако ќе пристигне виното за да може да набави.

Откако поминале неколку недели, сопственикот на продавницата за вино му се јавил да го извести дека сега го има македонското црвено вино на залиха во неговата продавница. Македонецот веднаш отишол во продавницата и купил неколку шишиња. По некое време, тој се вратил во продавницата да купи уште неколку шишиња. Сопственикот на продавницата му рекол дека црвеното вино се продава подобро од очекуваното и тој решил да носи и бело вино од истата македонска винарија. Сега, и црвеното и белото македонско вино се достапни во продавницата во која никогаш порано немало нарачувано.

Македонецот се запрашал, ако една локална продавница за вино е подготвена да набави македонско вино, дали ќе бидат подготвени и други продавници? Зел три празни шишиња со црвено вино и три од белото за да дознае. Отишол во други три локални продавници за алкохол во неговата област и ги прашал сите дали и тие ќе носат македонски вина.

Еден месец подоцна, тој ја посетил секоја од трите продавници за алкохол и открил дека сите нудат во својата понуда и македонски вина.

*** Друга Македонка од дијаспората посетила продавница за медитеранска храна во метрополата каде што живеела. Била пријатно изненадена кога нашла македонска алва и ајвар на продажба во таму и веднаш купила по неколку пакувања од нив. Откако нејзиното семејство ги искористило купените производи, алва и ајвар, таа сметала дека не е во ред локалниот супермаркет да не нуди ниту еден од тие производи, особено што не и одговарало да патува долго за да ги купи.

Зачувала по една кутија од алвата и една од ајварите и ги однела да разговара со управителот на супермаркетот, за да го праша дали ќе може да ги направат достапни во маркетот и двата производи. Менаџерот и кажал дека не може да ѝ вети, но дека ќе ја разгледа можноста. Откако поминале неколку недели, таа била воодушевена кога открила дека и македонската алва и ајварот се наоѓаат на полиците на локалниот супермаркет.

Ако овие двајца Македонци можеледа влијаат на продажбата на производи „Произведени во Македонија“ од мал обем, влијанието што би го имале илјадници Македонци во нашата дијаспора врз македонската економија би можело да биде значајно. Производите произведени во Македонија исто така би биле достапни и за потрошувачите кои не се Македонци.

Дополнителни прехранбени производи, сува стока и други производи произведени во Македонија може да се претстават на потрошувачите на глобално ниво, како што беше виното, алвата и ајварот во искуствата погоре.

Резултатот може да биде постепено и постојано поттикнување на растот на македонската економија и задржување, ако не и зголемување на бројот на работниците во Република Македонија.

Ако веќе воведовте македонски производ од каков било вид, во вашата локална заедница, ве молиме да не известите за да можеме да го објавиме пред другите Македонци во дијаспората.
Доколку имате нова идеја за тоа како најдобро да ги промовирате македонските производи произведени во Републиката, исто така ве молиме, кажете ни го тоа. Ако знаете за производители на артикли во Македонија, кои сакаат да ги извезат своите производи, би сакале да знаеме и за тоа.

Вашиот напор може да ги инспирира другите да го сторат истото.

Може да не контактирате на: MadeInMacedonia@umdiaspora.org

Ајде сите да го дадеме својот дел, така што зборовите „MADE IN MACEDONIA“ ќе се видат низ целиот свет.

Exit mobile version