Site icon United Macedonian Diaspora

ОМД: 77 Години Од Борбата Против Фашизмот

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) го чествува 11ти Октомври, денот на народното анти-фашистичко востание. Со нападите на прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев” врз полициската станица и затворот во Прилеп, на 11 Октомври 1941 година, Македонија се спротистави на фашистичката окупација и објави организирана народно-ослободителна борба (НОБ).

Седум децении подоцна, 11ти Октомври сеуште важи за симбол на националниот хероизам, непоколебливост и државотворен стремеж на македонскиот народ за самостојна, суверена и слободна татковина.

Спротиставувајќи се смело на моќната фашистичка армада, на 11 Октомври 1941 година, Македонија докажа дека знае да го одбере доброто наместо злото, правдата наспроти неправдата, кој што тренд ОМД се надева дека ќе опстане и во иднина.

“Смрт на фашизмот – Слобода на народот”

Нека ни е честит и вековит 11ти Октомври!

Exit mobile version