Site icon United Macedonian Diaspora

ОМД се сретна со конгресман Бентиволио за односите помеѓу САД и Македонија

Во понеделник 28ти април 2014 година, претседателот на ОМД Методија А. Колоски и соработникот по меѓународна политика и дипломатија Лидија Величковска се сретнаа со членот на пријателската група за Македонија и Македонските Американци во Конгресот, конгресманот Кери Бентиволио од 11-от дистрикт од Мичиген. ОМД му се заблагодари на конгресманот Бентиволио за ноговото силно пријателство со Македонија, во унапредувањето на односите помеѓу САД и Македонија, како и за тоа што е еден од оригиналните ко-спонсори за Резолуцијата на Домот 543, во која се потврдува поддршката за македонското членство во НАТО.

Конгресманот Бентиволио го претставува 11-от Дистрикт на Конгресот од Мичиген, вклучително и градовите како Трој, Блумфилд Хилс и Вајт лејк каде многумина од Амреиканците со македонско потекло живеат. Мичиген е дом на над 120,000 Американци со Македонско потекло.

Над 20 години, конгресманот Бентиволио гордо служеше во Националната гарда на Армијата на Мичиген каде неуморно работеше да ги заштити и одбрани Соединетите Американски Држави. Тој служеше и во воената полиција на домашниот фронт за време на Пустинската Бура во Ирак во 2007 година, на 56 години, во артилериската единица во рамките на административните капацитети.

Exit mobile version