Site icon United Macedonian Diaspora

ОМД: Светот е поле за културен натпревар, а не политичко ривалство

Искажувајќи највисока почит кон визионерот и револуционер Гоце Делчев, ОМД го чествува овој ден како ден на непокорот на Македонецот во борбата за одбрана и промовирање на својата засебност и рамоноправност меѓу нациите и државите. Во негова чест, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) положи венец на неговото вечно почивалиште во Црквата Свети Спас во Скопје.

ОМД ја чествува сто четириесет и седум годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Македонскиот револуционер и визионер за кого „светот беше поле на културен натпревар меѓу народите“, како тогаш така и сега, е предаден од своите синови – македонци, кои поради дефицитарно познавање на македонската историја и жртва за слободна, независна и суверена Македонија, отстапија од идеалите за кои основоположникот на Тајната Македонско Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО) го положи својот живот.

Роден на 4 Февруари 1872 година во Кукуш, и школуван во гимназијата Кирил и Методиј во Солун, Гоце Делчев е креатор на иницијатор на идејата за Македонска, а не Бугарска организација, во ослободување на Македонија од Отоманската Империја. Следствено, Гоце Делчев важи за најзаслужна личност во Македонската борба за ослободување и формирање самостојна македонска држава, во која сите припадници на етничките и верски заедници уживаат еднакви права и еднаков допринос кон мултикултурниот соживот.

Продолжувајќи го своето образование во Военото Училиште во Софија, покрај револуционерното делување, Гоце Делчев го посветува својот живот и на просветителното работење. Со верување дека знаењето е сила која умее да го обедини македонскиот народ и издигне неговото постоење на еднакво рамниште со своите соседи и народи во светот, Гоце Делчев се издвојува и како просветен деец со заслуга во македонската писменост и засебност.

Секое отстапување од македонските идеали и одрекување од македонската историја за кои животот го положиле оние на кои им ја должиме слободата и правото на сопствена држава, според ОМД се едначи со велепредавство во насока на бришење на македонската вековност.

Exit mobile version