Site icon United Macedonian Diaspora

ОМД назначи регионален преставник за Монтреал

Управниот одбор на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство го објавуваат назначувањето на Александра Настеска за прв регионален преставник на ОМД за Монтреал. 

“Монтреал е втор најголем град во Канада и нормално е ОМД да ги прошири своите акстивности и во регионот на Монтреал,” вели членот на управниот одбор и директор на Канада, Џим Даикос. “Александра се приклучува на тимот на ОМД во вистинско време, и уверен сум дека таа значително ќе придонесе за продобрувањето на Канадско-Македонските односи, и ќе и даде глас на македонската заедница во Монтреал.” 

“Почестена сум што ја заземам оваа нова улога во огранокот на ОМД во Канада,” вели Настеска.  “ОМД е почитувана организација во Канада и во светот, и со нетрпение очекувам да работам на унапредување на македонската кауза, како и да служам во име на интересите на канадско-македонската заедница.”

Александра Настеска е родена во Скопје каде за првпат на четиринаесет годишна возраст се инволвирала за женските права учествувајќи на панели во организација на Обединетите Нации. 

Го започнала своето стратешко планирање како и развивање на своите способности за односи со јавноста додека работела како кореспондент и асистент продуцент на програми за млади за националната телевизија, и креативен соработник во познатите маркетинг агенции како што се Саачи и Саачи, МкКан Ериксон и Огилви и Матер.  

Нејзините последни ангажмани вклучуваат ко-основање и делување во својство на комуникациски директор на кампањата за Земјиниот Самит 2012, Ние Канада; основач на старт-апот Vancouver Heartbeat; член на Комитетот при Обединетите Нации за Животна средина за конференцијата Тунза 2011 година; како и говорител на 12 универзитети во Канада при турата Дијалози и Акција за Земјиниот Самит 2012 година. За време на оваа тура, Александра го претстави Д-р Дејвид Сузуки, Џин Сауве, Деси МкГро и меѓународниот автор и активист Северн Кулис-Сузуки. 

За да дознаете повеќе за Александра, Ве молиме посетете го нејзиниот блог: http://www.iamaleksandra.com 

Основана во 2008 година, огранокот на Обединетата македонска дијаспора во Канада е регистрирана канадската добротворна организација која ги преставува интересите и потребите на канадско-македонската заедница. 

Exit mobile version