Site icon United Macedonian Diaspora

ОМД: Конгресменката Џонсон и се придружи на Конгресната пријателска група за Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство Ви објавува дека Конгресменката Еди Бернис Џонсон (Демократ од Тексас) и се придружи на Конгресната пријателска група за Македонија и Македонски-Американци, со што членството порасна на 18 членови.  Конгресменката Џонсон служи како претставник на Тринаесетиот Конгресен дистрикт на Тексас. 

Конгресменката Џонсон е дел од Конгресот од 1992 година.  Во декември 2010-та година, Конгресменката Џонсон беше изгласана првата Афроамериканка и првата високо-рангирана жена-член на Комитетот за Наука, свемир и технологија.  Од 2000-та до 2002 година, таа била високо-рангиран член на Поткомитетот за истражување и научна едукација.  Од доаѓањето во Конгресот, Конгресменката Џонсон ја има заработено репутацијата на лидер посветен на подобрувањето на надворешната политика и врски на САД. Таа напорно работи на подобрувањето на човековите права во светот. Иницијативата “Жени од светот, за мир во светот” на Конгресменката Џонсон е национално и меѓународно призната. 

“Конгресменката Џонсон е пријател на Македонско-Американската заедница и на Македонија, земја која што воедно ја има посетено.  ОМД и македонските-Американци се почестени што Конгресменката Џонсон и се придружи на Конгресната група на пријатели и ја поздравуваме нејзината помош за Македонија и нејзиното членство во НАТО,” порача Претседателот на ОМД Методија А. Колоски.  “Конгресната група порасна на осумнаесет члена со придружувањето на Конгресменката Џонсон.”

Конгресната Пријателска Група за Македонија, со кого претседава долгогодинешната пријателка на Македонија Конгресменката Кендис Милер (Републиканка од Мичиген), служи како тело за оддржување но и зајјакнување на позитивната и взаемно корисна врска помеѓу Соединетите Американски Држави и Македонија. 

Давајќи и глас на Македонско-Американската заедница во Вашингтон, ОМД со нетрпение ја очекува соработката со сите членови на Конгресната група за Македонија за продлабочувањето на врската помеѓу САД и Македонија.  ОМД ги охрабрува сите Американци со Македонско потекло да ги контактираат своите претставници во Конгрес и да ги замолат да се придружат на Конгресната група за Македонија.  Ве молиме, кликнете ОВДЕ за да го испратите Вашето писмо. 

Да дознаете повеќе за тоа како да се инволвирате, Ве молиме контактирајте ја Ана Давид на (202) 350-9798 или на adonevska@umdiaspora.org. 

Да дознаете повеќе за Конгресменката Џонсон, Ве молиме посетете ја следната страница: http://ebjohnson.house.gov

 

Exit mobile version