Site icon United Macedonian Diaspora

ОМД: Илинден симболизира што е можно кога Македонците ќе се обединат

„Слободниот живот, но и политичките борби, влијаеја кај мене да се формира посебен светоглед за слободата на човекот и народите.“

Христо Татарчев, роден во Ресен, еден од основачите на ВМРО во 1893 година и прв претседател на Централниот комитет

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) им се придружува на македонските заедници ширум светот во одбележувањето на 2-ри август со одбележување на 117-годишнината од Илинденското востание против Османлиската империја, и 76-годишнината од антифашистичкото собрание за Народно ослободување на Македонија, АСНОМ, кое ги постави темелите на автономна, слободна, независна и суверена македонска држава.

ОМД ги почестува споменот и храброста на жртвите и борците. Ние се заложуваме да ги зголемиме нашите напори за обединување на Македонците без разлика каде живеат, особено во Републиката и во соседните земји, кои ги негираат основните човекови права и верската слобода на нивните македонски малцинства. Илинден е симбол на она што е можно кога Македонците се обединуваат, и сведоштво за нашата вековна борба.

Да се ​​биде Македонец е голема одговорност во земјите во кои живееме. Ние, Македонците, имаме должност да го сочуваме, заштитиме и промовираме нашето богато културно наследство и идентитет и да бидеме мост кон нашата татковина, Македонија. Од почетокот на КОВИД-19, ОМД одржа скоро дваесетина едукативни културни виртуелни настани кои што собраа над 200.000 прегледи на интернет. ОМД ве охрабрува никогаш да не ги заборавите и да ги препознаете позитивните придонеси кои што нашите луѓе ги имаат направено во општествата во кои се иселивме, оставајќи позитивен имиџ и наследство.

Exit mobile version