Site icon United Macedonian Diaspora

ОМД жали за смртта на конгресменот Алси Хејстингс, пријател на Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) е тажна поради веста за смртта на нашиот пријател, конгресменот Алси Хејстингс од Флорида, кој почина на 84-годишна возраст од рак на панкреасот.

Конгресменот Хејстингс се истакна како адвокат, активист за граѓански права, а потоа и член на Конгресот. Служејќи 15 мандати, г-дин Хејстингс беше истакнат борец за човекови права и права на малцинствата, беше првиот Афро-Американец што служеше од Флорида по периодот по Граѓанската војна, првиот Афро-Американец што беше претседател на Американската Хелсиншка Комисија и првиот и единствен Американец кој некогаш служел како претседател на парламентарното Собрание на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).

Лидерството на конгресменот Хејстингс никогаш нема да биде заборавено од ОМД и од македонската заедница во Америка. Тој стоеше заедно со Македонија кога други тоа го избегнуваа. Беше основач на пратеничката група во Конгресот за поддршка на Македонија и на американците со македонско потекло, група која што овој месец одбележува десет години постоење и поддржувач на членството во НАТО. Беше силен поборник за човековите права на македонските малцинства во Албанија, Бугарија и Грција преку својата работа со американската Хелсиншка комисија.

Бог да го прости!

Exit mobile version