Site icon United Macedonian Diaspora

ОМД е против размена на територии како решение за дијалогот Косово-Србија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) продолжува да ги осудува меѓународните решенија засновани на иредентизам и промена на границите.
 
ОМД одговара на неодамнешниот извештај на Меѓународната кризна група (МКГ) за дијалогот Косово-Србија. МКГ препорачува три решенија:
 
• „Првото би се потпирало на „засладувачи“ за Србија – инфузија на поддршка за развој од донатори и забрзано членство во ЕУ – како цена за признавањето“.
 
• „Второто би било размена на српско признание за создавање нови автономни области за косовските Срби и српските Албанци“.
 
• „Третото би било враќање на пристапот со размена на територии што беше во основата на нацрт-договорот за 2018 година“.
 
ОМД смета дека какви било решенија со размена на територии се штетни на интегритетот на траен мир на Балканот и би имале негативни последици за Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора. Размената на земјиште и територијалните аберации се покажаа како трајни извори на болка за регионот, особено за Македонија. Ставовите на ОМД веќе им беа познати на релевантните институции во Соединетите американски држави и во Европа.
 
Ние веруваме дека трајно решавање на денешните етнички, територијални и владини спорови нема да се најде во постојано менување на границите, земјите или народите. Искрениот дискурс, транспарентноста на процесот и етничката застапеност се критични – и наследството, јазикот и културата мора да се почитуваат пред се и најважно.
 
Претседателот на ОМД, Мето Колоски изјави:
 
„Многу е лесно да седите на високо и да го гледате светот како една голема мапа без нијанси. Она што го покажува овој извештај и други слични на него е дека премногу често меѓународната политика е свет отстранет од секојдневието на реалните луѓе.
 
„Ако историјата ни кажа барем нешто, тоа е дека постојаното цртање мапи не завршува добро. Всушност, повеќето проблеми на Балканот денес започнаа токму од таа погрешна претпоставка.
 
„Ако треба да има траен мир и напредок, тогаш тоа мора да произлезе од економски и општествени решенија. Ако предлагачот очекува да биде сфатен сериозно, размената на територии никогаш повеќе не смее да се наоѓаа на која било листа на препораки“.
Exit mobile version