Site icon United Macedonian Diaspora

ОМД: Државност одговорност и обединетост се позитивен пат напред во Македонија

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) е длабоко загрижена поради наводната злоупотреба на моќта од страна на македонските лидери од сите страни на политичкиот спектар. Исто така, ОМД е многу вознемирена од неодамнешните насилства кои се случуваат во повеќе области во Македонија.

Поточно, во изминатите четири месеци, македонската јавност беше потресена од скандалот со прислушкувањето, терористичкиот напад во Куманово, кој резултира со убиства на осум полициски службеници поради што неодамна поднесоа оставки неколку високи владини претставници. Како одговор на тоа, голем број македонски граѓани се изјаснија дека ќе го остварат своето право за поднесување на петиција против Владата на Република Македонија за решавање на овие прашања.

ОМД ги повикува сите македонски лидери и активисти да се заложат за одржување на мирни и ненасилни протести, и дека нема да им биде дозволено да се влошува беззаконието. Пред се, македонските граѓани мора да ја ставаат државата на прво место, а партиските несогласувања да бидат секундарни проблеми. Тоа е можност и јавно да ги артикулираат различните ставови за тоа како државата би требало да функционира што е суштина на демократското општество.

ОМД ги повикува сите судски органи на Македонија веднаш да се испитаат, со соодветен процес и без заплашување, наводните злоупотреби на власта и активностите на оние кои се одговорни за поттикнување и извршување на активностите кои директно го прекршуваат законот. ОМД смета дека избраните македонски лидери мора да дадат отчет за своите активности и да бидат целосно транспарентни во извршувањето на нивните должности. ОМД недвосмислено верува дека владеењето на правото е апсолутен стандард, кој треба да се потврди со цел постоење на здраво и просперитетно демократско општество кое ќе напредува.

ОМД ја нагласува потребата Македонија да биде целосно интегрирана во евроатлантските институции, како полноправна членка на НАТО и на Европската унија. САД и ЕУ (вклучувајќи ги и нивните земји-членки Грција и Бугарија), мора да ги тргнат настрана нивните националистички агенди и да се согласат Македонија да се приклучи на НАТО и ЕУ без понатамошно одложување. Политичката, социо-економската и безбедносната состојба на Македонија и стабилност се најголем интерес за сите национални, регионални и меѓународни актери.

Во еден неодамнешен говор, конгресменот Елиот Енгел од Њу Јорк изјавил: “Ни за момент не помислувајте дека вашиот глас не се брои. Вашето присуство прави разлика”.

Македонските граѓани се носители на крајната одлука во Република Македонија и тие мора да ја ставаат иднината на Македонија на прво место со цел да се соберат плодовите на едно праведно и демократско општество на 21-от век. ОМД ќе продолжи да ја поддржува Македонија, да ја промовира својата богата култура и традиции, и да ја поттикнува ангажираноста на дијаспората во сите аспекти на македонското општество.

ОМД го повторува своето барање за мирни протести во Македонија и повторно бара од сите лидери во Македонија да дадат приоритет и волја за добар дијалог со цел да се постигне обединетост, позитивен и напреден пат за Македонија.

Exit mobile version