Site icon United Macedonian Diaspora

ОМД го поздравува отварањето на канцеларија за верски слободи во Канада

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поздравува иницијативата од страна на конзервативната влада на премиерот Харпер да ја основа првата канцеларија за верски слободи во Канада.  Ова е втора институција од ваков вид во светот чија работа ќе биде да ја промовира верската слобода во светот, првиот е во Стејт Департментот на САД.  Меѓунадодната верска слобода во светот е клучен приоритет на Канадската надворешна политика.  

Огранокот на ОМД во Канада заедно со други етнички медиуми пред извесно време учествуваше во телефонски повик со канадскиот Министер за државјанство, имиграција и мултикултурализам почесниот Џејсон Кени, кој од неговата канцеларијиа во Калгари одговори на сите поставени прашањата.  Во телефонскиот повик тој изјави: “Ширум светот забележуваме се поголеми бранови на религиозни судења.  Ние веруваме дека верската слобода е основно право на сите луѓе во светот.  Ако една држава се обидува да ги контролира или ограничува верувањата на нејзините граѓани, тогаш тоа влијае и на сите други права што граѓанините ги имаат, и таа земја станува тоталитарна држава.”

Министерот Кени издвои бројни примери на државна репресија против религиозните малцинства во целиот свет, и го пофали изборот на д-р Ендрју П.В. Бенет како “заслужен јавен службеник и научник.”  Со годишен буџет од околу пет милиони канадски долари, канцеларијата ќе се фокусира на застапување на религиозните малцинства, анализа, развој на политика и програмирање, се во име на заштита на религиозните малцинства од верска омраза, како и промовирање на канадските вредности како што се плурализмот и разновидноста ширум светот.

“Одлуката на Канада да посветат ресурси за заштита на се поголемиот број на луѓе на кои им е одземено правото на верска слобода доаѓа во вистински момент”, изјави директорот за канадски операции на ОМД Џим Даикос. “ОМД со години се бори во првите редови за верската слобода на македонските православни христијани во Грција, кои не можат спокојно да веруваат во својата религија, ниту пак можат да го користат својот мајчин македонски јазик во религиозни церемонии без последици од државата.”

Во октомври минатата година, ОМД беше домаќин на делегација составена од реномираниот активист за човекови права архимандритот Никодим Царкњас и регионалениот претставник на ОМД за Грција, Евгенија Нацилиду. Делегацијата одржа средби на високо ниво во Вашингтон и Отава, во кои се потенцираше систематцкото угнетување од страна на грчката влада на автохтоната македонска заедница во Егејска Македонија (северна Грција).

 

Exit mobile version