Site icon United Macedonian Diaspora

Конгресменот Бентиволио стана член на конгресната група на пријатели на Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) му посакува добредојде на конгресменот Кери Бентиволио (републиканец од Мичиген) кој е 18-тиот член на конгресната група на пријатели на Макеоднија. Конгресменот Бентиволио го преставува единаесетотто гласачко тело на Мичиген кое ги влкучува градовите Трој и Блумфилд Хилс, каде што многу Американци со македонско потекло живеат.

Конгресменот Бентиволио служел во американската армија и националната гарда на Мичиген повеќе од 20 години. Конгресменот Бентиволио има работено во следните сектори: воената служба, бизнис, автомобилскиот дизајн, недвижности, политички активизам и образование.

“Мичиген е дом на повеќе од 120.000 Американци со македонско потекло. ОМД и Македонско-американската заедница во Мичиген се благодарни на конгресменот Бентиволио за неговото членство во конгресната пријателска група за Македонија”, рече претседателот на ОМД Методија А Колоски.

Давајќи и глас на Македонско-Американската заедница во Вашингтон, ОМД со нетрпение ја очекува соработката со сите членови на Конгресната група за Македонија за продлабочувањето на врската помеѓу САД и Македонија. ОМД ги охрабрува сите Американци со македонско потекло да ги контактираат своите претставници во Конгресот и да ги замолат да се придружат на Конгресната група за Македонија.

Ве молиме, кликнете ОВДЕ за да го испратите Вашето писмо.

Да дознаете повеќе за тоа како да се инволвирате, Ве молиме контактирајте ја Ана Давид на (202) 350-9798 или на adonevska@umdiaspora.org.

Да дознаете повеќе за Конгресменот Бентиволио, Ве молиме посетете ја следната страница http://bentivolio.house.gov/

Exit mobile version