Site icon United Macedonian Diaspora

Изјава на ОМД по повод доделената награда на Претседателот Иванов

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) упатува честитки до Претседателот на Република Македонија Иванов и неговиот Кабинет кои со проектот “Школа за Млади Лидери” ја освоија престижната награда “Најдобар Општествено Одговорен Проект во Европа” на Светскиот Форум на Бизнис Ангели кој се одржа на 19-ти Фебруари 2018, во Истанбул – Турција.

Овој проект кој беше во друштво на повеќе од 1200 талентирани и успешни млади луѓе од 70-тина држави ширум светот, под менторство на повеќе од 180 врвни предавачи во полето на политиката, бизнисот, иновациите и комуникациите, беше соодветно препознаен од европската заедница и заслужено ја освои оваа престижна награда.

„Сакаме да изградиме лидери со вистински вредности, интегритет и отворен ум. Само со отворен ум младите ќе можат да размислуваат надвор од шаблоните, да изнаоѓаат нови и иновативни решенија на патот до индивидуалниот и колективниот успех“, изјави Иванов на Форумот, со што ОМД во целост се согласува и изразува безрезервна поддршка.

Од почетокот на Школата за Млади Лидери, членови на ОМД имаат земено учество. ОМД изразува благодарност до Претседателот Иванов и неговиот кабинет за иницијативата да бидат домаќини на студенти од македонската дијаспора преку програмата “Родум од Македонија” под покровителство на ОМД, која што соработка ОМД се надева дека ќе продолжи во континуитет и во иднина.

Длабоко сме убедени дека само обединети и посветени на непосредна соработка на сите полиња помеѓу дијаспората и татковината, значително би допринеле за успех и афирмација на македонската држава во меѓународната заедница.

Обединети можеме!

Exit mobile version