Site icon United Macedonian Diaspora

Законот за јазиците: кога европските вредности одат предалеку

Македонски медиуми објавија дел од прелиминарните заклучоци на Венецијанската комисија за законот за јазици. Комисијата забележа низа недостатоци и нелогичности со законот, и препорача негово значително ревидирање.

Според комисијата, законот за јазици ги преминува препорачаните мерки за промоција на мултиетничност, и предвидува јазична еднаквост што би било речиси невозможно да се оствари. Во извештајот се наведува дека спроведувањето на предвидената правна рамка, која меѓу другото гарантира судски постапки на албански јазик, би било премногу скапо и нереално.

Покрај финсискиот товар врз институциите, законот за јазици предвидува сложен систем на јазична интеграција во судските и државните институции, што според Венецијанската комисија би го отежнало нормалното фунцкионирање на судовите и судскиот систем. Како резултат, комисијата наведе дека имплементацијата на законот би можела да го загрози правото на фер и навремено судење, што е загарантирано право со европската конвенција за човекови права.

Покрај потенцирањето на очигледни пречки при имплементацијата на овој закон, Венецијанската комисија видно вознемири одредени политичари во Македонија.

Артан Груби, на пример, упати низа критики кон комисијата и кон европските службеници, или таканаречените бранителите на етнички малцинства. Заканувајќи се дека пропаѓањето на законот за јазици би го загрозило етничкиот мир во земјата, Груби ја повика комисијата да се воздржи од коментари што ја опишуваат ирационалноста и проблемите на законот за јазиците.

Според Груби, мирот нема цена, па така успешната и непречена имплементација за законот за јазиците е неопходна за зачувување на ентичкиот мир и соживот во Македонија. Со оваа изјава албанскиот политички фактор во Македонија става до знаење дека било каква критика врз закони кои тие ги промовираат претставува обид за поттикнување на меѓуетничко насилство.

За среќа, Венецијанската комисија изгледа има поинаков став, евидентирајќи ги бројните елементи на законот за јазици кои всушност ги надминуваат предходно дефинираните стандарди за заштита на етничките малцинства. Фактот што европски комисии посочуваат кон непотербноста на овој закон е најдобар индикатор за вистинската цел на законот за јазици. Целта на законот за јазици не е промоција на мултиетнички живот во Македонија, туку промоција на националистички амбиции за создавање Голема Албанија и поткопување на суверенитетот на Македонија.

Дури и пред донесувањето на законот за јазици, албанскито малцинство во Македонија уживаше неверојатно привилегирана позиција во однос на уставно дефинирани права и слободи. Покрај праваната заштита, албанското малцинство ужива и привилегии што им се дадени како резултат на напори за градење коалиции. На пример, целата македонска јавност е свесна за случаите со етнички албанци кои примаат плата а седат дома, кои одбиваат плаќање на сметки за струја без никакви последици, и кои со сила протеруваат државни инспектори од нивните бизниси без никакви правни последици.

Реалноста е јасна: законот за јазици грубо го крши суверениот карактер на Македонија. Одржување во живот на владеачките гарнитури станува се потешко и потешко како резултат на националистички барања на албанските политички партии, кои условуваат формирање на коалиции со исполнување на антидржавнички агенди. Како едно од клучните барања од Тиранската платформа, законот за јазици е основата врз која се изгради сегашната владеачка коалиција. Спроведувањето на законот ќе биде неопходно за зачувување на коалицијата во иднина. Барем толку стана јасно со изјавата на Груби и со молбата упатена од владата кон Венецијанската комисија, во која се замолува комисијата да го одложи официјалното објавување на извештајот за законот за јазици.

ОМД остро го осуди законот за јазици и побара негово поништување. Се надеваме дека Венецијанската комисија ќе стои зад својата осуда на законот, и ќе ги повика политичките субјекти во Македонија да се воздржат од промоција за закони со кои се поткопува суверениот карактер на Македонија.

Exit mobile version