Site icon United Macedonian Diaspora

ДИК ја загрози приватноста на македонските граѓани: Барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци

Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) не може да не го напоменеме несоборливиот факт а тоа е фактот дека на многу пријавени и одбиени гласачи му е нарушено основното човеково право а тоа е правото на почитување на приватниот и семејниот живот со тоа што од страна на Државната Изборна Комисија беа и се јавно објавени на веб-страницата на ДИК личните податоци на сите кои се пријавени. Повредено е ова основно човеково право загарантирано со Европксата Конвенција за Човекови Права односно Член 8, и спротивно на Законот за Заштита на Личните Податоци.*
 
За сите што сметате дека вие повредетно правото на приватност преку повреда на правото за заштита на личните податоци преку следниов линк: https://dzlp.mk/node/3274 можете електронски да го поднесете до Агенцијата за заштита на личните податоци со што истата ќе спроведе инспекциски надзор врз работата на ДИК.
 
За да го пополните Барањето кога кликнувате на линкот веднаш автоматски ви се отвара формуларот. Следете ги следниве чекори.
 
1. Во полето подносител одберете ФИЗИЧКО ЛИЦЕ
 
2. Следено е да ги пополните полината со вашите лични податоци (препорачуваме македонската адреса да си ја ставите)
 
3. Полето за законски застапник не го пополнувате 
 
4. Веднаш после тоа треба да ги наведете податоците од правното лице кое сметате дека ги повредило правата односно ДИК – вие треба да пополните Државна Изборна Комисија 
 
5. Следен чекор е треба да ги наведите податоците од типот адреса и телефонски број на ДИК и е-маил адреса;
 
Улица: Св.Кирил и Методиј бр.54, Скопје 1000
Е-пошта: izbori@sec.mk
Телефон: +389 2 3244744
Факс: +389 2 3244745
Izbirackispisok@sec.mk
 
6. Следно ги опишувате повредите ( од типот како ви се повредени правата, на пример јавно објавување на лични податоци на веб сајтот).
 
На веб-страницата на Државна Изборна Комисија (https://dijaspora.sec.mk/IzbirackiSpisok.aspx), ДИК јавно ги објавува моите лични податоци, како и личните податоци на 7,534 други македонски државјани. 
 
7. Следно треба да специфицирате каде точно вие треба да го пишете веб сајтот каде штто ви се објавени податоците,
 
https://dijaspora.sec.mk/IzbirackiSpisok.aspx
 
8. Во полето Прикачи документи прикачете ги сликите од screenshot и прикачете ги како слики каде што се гледа како ви се објавени податоците
 
9. Кликнете дека сакате копија од барањето да ви се достави на вашиот емаил
 
10. За крај пишете го кодот и кликнете поднеси.
 
11. Направете преглед на вашето барање дека сите информации се точни и потоа кликнете поднеси.
 
12. Страницата ќе покажи Ви благодариме за поднесеното барањe.
Бројот на вашето барање е: – Зачувајте го вашиот број.
 
Доколку и кога ќе добиете одговор од Агенцијата за заштита на личните податоци, ве молиме да ни ги испратите до info@umdiaspora.org.
 
* Со овој закон се врши усогласување со европската регулатива во областа на заштитата на личните податоци, и тоа: Регулатива (ЕУ) 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот од 27 април 2016 година за заштита на физички лица во поглед на обработката на лични податоци, за слободно движење на таквите податоци и за укинување на Директива 95/46/ЕЗ (Општа регулатива за заштита на податоци) CELEX број 32016R0679.
Exit mobile version