Site icon United Macedonian Diaspora

Делегација на ОМД во посета на Белгија и Македонија и преставници на културното движење од Воден учествуваа на јазична конференција во Брисел

Претседателот на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) Методија А. Колоски беше во посета на Белгија и Македонија од 11-27 февруари 2013 година. Во Брисел на Колоски му се придружија претставникот на ОМД за Штутгарт (Германија) Гоце Пероски, претставникот на ОМД за Грција Евгенија Нацилиду, како и преставикот на ОМД во Холандија Филип Алтипармаковски. ОМД силно верува дека со остварените средби на  високо дипломатско ниво ќе се зголеми поддршка за Македонија и на македонскиот народ во Брисел. 

Примарната цел за посетата на Колоски во Македонија беше да се почнат подготовките за четвртата глобална конференција на ОМД, која ќе се одржи во Александар Палас во Скопје на 24-27 јули, 2013 година. По формалниот дел на конференцијата ќе следуваат туристички тури низ Македонија. Колоски исто така се состана со американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс, советникот за национална безбедност на претседателот Ѓорге Иванов, Дарко Костадиновски, државниот секретар на Министерството за надворешни работи Владо Мисајловски, пратеникот за Северна Америка Павле Саздов, пратениците Радмила Шеќеринска и Тања Томиќ, како и со директорот на агенцијата за иселеништво Васил Наумов со кои се разговараше за македонската надворешна политика, како и за ставовите на дијаспората.

На 13 февруари 2013 година Колоски одржа говор во школата за јавна политика „Мајка Тереза“  во Скопје на тема активизмот во Вашингтон.  Школата е водена од страна на Центарот за истражување и креирање политики.

На 16 февруари 2013 година, во Владата на Република Македонија премиерот Никола Груевски се сретна со Колоски и членот на ОМД и управниот одбор на Македонија 2025 Крис Павловски. За време на состанокот Павловски и Колоски го истакнаа ангажманот на дијаспората во економскиот сектор на Македонија. Павловски е споственик на компанија за информатичка технологија „Космик развој“ во Скопје и ја истакна потребата за понатамошна промоција на Македонија како “Силиконската долина во Југоисточна Европа” како и потенцијалот на Македонија во индустријата за информатичката технологија. Колоски зборуваше за можноста повторно да се отвори Министерство за дијаспора кое би служело како тело за подобра координација на врските помеѓу дијаспората и во татковината.

Од 18-21 февруари 2013 година, преставниците на ОМД беа во посета на Брисел каде остварија повеќе средби со цел поттикнување на понатамошна поддршка за членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Во седиштето на НАТО, делегацијата на ОМД се сретна со помошник генералениот секретар за јавна дипломатија Колинда Грабар-Китаровиќ, со специјалниот претставник на генералниот секретар на НАТО за жените, мирот и безбедноста Maри Шкаре, македонскиот амбасадор во НАТО Мартин Треневски, како и со преставници на мисиите во НАТО на САД, Канада и Турција. Досега ова е најуспешната делегација на ОМД во седиштето на НАТО.  ОМД им се заблагодарува на амбасадорот и г-ѓа Треневски, како и на целата македонска мисија во НАТО за нивното гостопримство за време на посетата.

ОМД се сретна и со македонскиот амбасадор во Белгија Лазар Еленевски, со македонскиот амбасадор во Европската унија Андреј Лепавцов, со преставници од канцеларијата на бароницата Кетрин Ештон во Европската надворешна служба, со преставници од канцеларијата на еврокомесарот за проширување, како и со пратеници во Европскиот парламент.

На 25 февруари 2013, Колоски и Нацилиду заедно со членот на културното движење на Воден Петре Казиас и координаторот на ОМД за социјални медиуми Милка Трајкова одржаа прес-брифинг пред околу триесетина македонски новинари каде се разговараше за најновите случувања со кои се соочува македонската заедница во Грција. ОМД го потврди својот долгогодишен став дека Владата на Република Македонија треба да се повлече од преговорите за името во ОН. Подоцна се остварија средби со советникот за внатрешна политика на претседателот Иванов,  Гордица Каранфиловска на кој се разговараше за можна соработка на ОМД со Иванов Школата за млади лидери, како и со Горан Торбаков кој е задолжен за дијаспората во канцеларијата на премиерот Никола Груевски.

Преставници на ОМД и на културното движење од Воден учествуваа на јазична конференција во Брисел 

Од 21-22 февруари, претставникoт на ОМД во Грција и основачот на едукативното и културно движење на Воден (Воден) Евгенија Нацилиду и членот на движењето Петре Казиас учестваа во конференцијата за поврзување и промоција на лингвистичкиот диверзитет во Брисел.  Културното движење од Воден е млад член на оваа лингвистичка мрежа.  Во текот на првиот ден, на 21 февруари кој е меѓународниот ден на мајчиниот јазик, беа одржани презентации за прашањето на не-официјалните и регионалните јазици во Европската унија од страна на Франсоа Алфонси кој е член на Европскиот парламент (Корзика), Кинга Гал која е европратеничка  од Унгарија, професор Колин Вилијамс од Универзитетот во Кардиф, Велс (Велика Британија), и Пјер Маиресе од Европската комисија.

На 22 февруари, Нацилиду учествуваше во управниот состанок  на конференцијата каде што го презентира случајот на македонскиот јазик во Грција и проблемите со кои се соочуваат оние кој го говорат македонскиот јазик. Таа истакна дека во Грција не е дозволено македонскиот јазик да се нарекува македонски, и покрај тоа што македонскиот јазик се зборува само во северна Грција, во регионот наречен „Mакедонија” и никаде на друго место во Грција.

Претставници на други регионални европски јазици ветија поддршка за подобрување на состојбата на македонскиот јазик во Грција, вклучувајќи ветувања македонскиот јазик да го постигне статусот на другите регионални јазици во ЕУ, во образовниот систем, во локалната самоуправа, трговија, како и во медиумите. 

 

Exit mobile version