Site icon United Macedonian Diaspora

Грчката нео-нацистичка партија, Златна Зора, и се заканува на Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува земјите-членки на Европската унија и НАТО јавно да го осудат членот на нео-нацистичката Златна Зора и пратеник, Илијас Панагиотарос, кој вчера за време на парламентарната дебата го изјави следново: 

“…Оваа фалсификувана земја на Скопјани Цигани набрзо ќе стане дел од минатото, ако не поради внатрешно-државни конфликти, тогаш тоа ќе се случи од појавата на Златна Зора која наскоро ќе биде во Собрание… (Дури и употребата на “ПЈР Македонија”) е еднакво на државно предавство. Тоа е факт, и Златна Зора во никој случај нема да дозволи било каков договор на било какво име коешто во себе го содржи зборот Македонија, и секој кој што мисли поинаку ќе мора да се соочи со нас.” 

“Оваа фашистичка партија стана озогласена поради нејзините флагрантни напади на работниците мигранти и поради тековните негирања на Холокаустот од страна на нивниот партиски лидер. Но, анти-македонскиот иредентизам е уште една клучна карактеристика на нивната злобна реторика. На тема Македонија, грчката држава е подеднакво морално банкротирана како што е и финансиски, а другите грчки парламентарци од другите партии го прифаќаат овој говор на омраза како ‘нормален’. Затоа, земјите членки на Европската унија и НАТО имаат должност да одговорат на ваквиот тип на провокација, особено земајќи ги во предвид нивните постојани предавања на претсавниците од Република Македонија на тема добрососедски односи,” рече претставникот на ОМД од Грција, Евгенија Нацулиду. 

Во јуни 2012 година Златна Зора освои 18 седишта во грчкиот Парламент под слоганот “да ја исчистиме земјата од нечистотија!” Нивната политичка платформа активно го промовира заживувањето на историската долготрајна фашистичка традиција на Грција, враќајки се на режимите на Метаксас и Пападолупос.  Оваа идеологија ја опфаќа и доктрината за Хеленската расна супериорност, па така важни членови на Златна Зора често ги идолизираат нацистичките лидери Адолф Хитлер и Рудолф Хес. 

Златна Зора е добро позната по тренирањето банди да се служат со насилство и тактики на заплашување за остварување на нивните политички цели. Во деведесеттите, членови на Златна Зора учествуваа во војната во Босна на страната на Република Српска, и директно учествуваа во геноцидот во Сребреница. Денес, Златна Зора специјализира во напади врз новинари, уметници, политички опоненти, и имигранти и често во своите напади се потпомогнати од силните поддржувачи од редовите на грчката полиција и грчката Православна црква. 

Во 2009 година членови на Златна Зора нападнаа прес-конференција организирана од Виножито во Атина каде што беше претставен првиот грчко-македонски речник напишан од покојниот Васко Караџа. Речникот требаше да биде објавен во Грција и беше промовиран од реномираниот меѓународен академик и лингвист, професор на Универзитетот на Чикаго, д-р Виктор Фридман и професорот на Универзитот на Тесали д-р Рики ван Бошотен. Ве молиме, кликнете ОВДЕ за да го проследите видеото од нападот.  

На почетокот на овој месец претседателот на ОМД Методија А. Колоски заедно со Севин Елекдаг напишаа статија која што беше објавена во весникот The Hill, насловена: “САД може да стави крај на екстремизмот во Грција.” Статијата можете да ја превземете ОВДЕ

 

Exit mobile version