Site icon United Macedonian Diaspora

Австралиските пратеници Стивен Џонс и Лук Симпкинс ќе бидат одликувани со ОМД награда за пријателство со Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со гордост соопштува дека на годинашнава ОМД гала прослава која ќе се одржи во Сиднеј на 5 јули 2013, ОМД наградата за пријателство со Македонија ќе им биде доделена на ко-претседавачите со австралиско-македонската парламентарна група на пријатели – Стивен Џонс, пратеник од Тросби и Лук Симпкинс, пратеник од Коуан.

Г-ин. Џонс и Г-ин. Симпкинс неуморно работат кон зајакнување на пријателските односи помеѓу Австралија и Македонија, при што ОМД е строго убедена дека австралиско-македонската заедница се здобила со посветени пријатели и пободници за еднакви човекови права за Македонците. Двајцата парламентарци неуморно и во неколку наврати ја повикуваа австралиската влада да донесе правилна одлука и да ја признае Македонија под нејзиното уставно име. Воедно, ОМД се надева дека Австралија наскоро ќе престане со ваквата дискриминаторска политика и нема да ја именува Македонија со ниедно друго име освен со уставното.

ОМД се надева дека австралиските Македонци во што поголем број ќе ни се придружат во оддавањето чест на овие двајца извонредни пријатели на Македонија и нашата заедница. Честта на воведниот говор ќе ја има министерот за надворешни работи на Австралија, Боб Кар. Гала свеченоста ќе се одржи во Сиднеј. За регистрација и повеќе информации, ве молиме посетете нè на: http://www.trybooking.com/CNOA

ОМД наградата за пријателство со Македонија им се доделува на личности кои се докажале како долготрајни пријатели на Македонија и глобалната македонска заедница. Дел од претходните добитници се и министерот за државјанство, имиграција и мултикултурализам на Канада, Џејсон Кени, генералот-мајор Мајкл Дуби, конгресменката Кендис Милер, конгресменот Бил Паскрел, проф. Виктор Фридман, Џејсон Мико, итн.

Улогата на австралиско-македонската парламетнарна група на пријатели, која брои повеќе од 20 членови, е промоција на поблизок, поквалитетен и посуштински однос помеѓу Македонија и нејзината дијаспора во Австралија, преку иновативни и високо импактни политики, програми, проекти и настани кои доведуваат до подобри социјални, економски и еколошки резултати за сите клучни заинтересирани страни.

Exit mobile version