На 19 ноември 2014 година, Советот за надворешни односи беше домаќин на програмата на состаноци во Вашингтон насловена како „Дваесет и петата годишнина на демократијата во Република Чешка“ предводена од премиерот на Чешка, Бохуслав Соботка. Ко-основачот и претседател на ОМД Методија А. Колоски и Соработникот за меѓународна политика и дипломатија во ОМД Салваторе Шиано беа поканети да присуствуваат на овој состанок.
Презентацијата на г-динот Соботка опфати теми поврзани со напредокот на Република Чешка во текот на годините, нејзината улога во НАТО и ЕУ, визија за следните дваесет и пет години, односите Русија и Украина, и Сирија и ИСИЛ. Видео од настанот можете да поглегнете тука.
За време на сесијата за прашања и одговори, претседателот на ОМД Колоски беше во можност да го постави следното прашање до премиерот Соботка: “Во 2015 доаѓаат две годишнини на Балканот; 20-годишнината од Дејтонскиот мировен договор и 20-годишнината од потпишувањето на Привремената спогодба меѓу Грција и Македонија во Обединетите нации. Што може Чешка и ЕУ да направат за да се помогне во решавањето на некои од прашањата во овој регион?”
Премиерот Соботка одговори следново: “Ситуација на Балканот е многу повеќе стабилна отколку што беше пред 15 години, голем број земји на Балканот станаа интегрирани во ЕУ и некои станаа членки на ЕУ и НАТО”
Тој продолжи: “земјите кои досега не се интегрирани во Европската унија се на нивниот пат и се стекнуваат, чекор по чекор до својот кандидатски статус. Постојат одредени земји кои имаат повеќе комплексна интеграција од другите; можеби може да се спомне Македонија тука. Тоа е земја, која по мое мислење е подготвена од голем дел, да биде интегрирана во Северно-атлантските структури и Европската унија; сепак, постои конфликтот што го имаат со Грција, бидејќи тие се членка на НАТО и членка на ЕУ. Мислам дека ова е важна задача за Европската комисија да спроведе дијалог меѓу Македонија и Грција и мислам дека Европа може да игра клучна улога во решавањето на овој конфликт и да и помогне на Македонија да се интегрира. Исто така, јас ценам тоа што Македонија успеа да ја стабилизира нејзината врска со албанското малцинство, и мислам дека моделот на Македонија и договори на Македонците и народите на Македонија и Албанија може да послужи како многу добар пример на неколку етнички групи кои живеат заедно. “
Во март 2013 година, Чешка стана 135. земја и 16. земја членка на ЕУ која го призна правичното и уставното име на Македонија. Во октомври 2014 година, премиерот Соботка му беше домаќин на македонскиот премиер Никола Груевски за време на тридневна посета на Чешката Република.