ОМД: ЕУ продолжува да праќа променливи сигнали до Македонија

На 10ти октомври, Европската комисија го објави својот годишен извештај за напредокот на кандидатурата на Македонија за членство во унијата.  Извештајот вклучува детални признавања на напредокот на Македонија во различни области и по четврти пат потврдува дека Македонија ги исполнува сите неопходни критериуми за започнување на преговорите за членство.  Сепак, Европската комисија нема моќ да ги изврши своите препораки во име на целата ЕУ.  Обединетата македонска дијаспора (ОМД) го повикува советот на ЕУ да постапи како што одговорностите на ЕУ советот налагаат, и конечно на Македонија да и се врачи датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

“Нам овој процес на дај, па недај, ни е добро познат.  Во последните четири години, Европската комисија секоја година потврдува дека Македонија ги исполнува сите критериуми за започнување на преговорите, и секоја година, поради чисто политички забелешки од страна на нашиот јужен сосед, препораката е секогаш игнорирана од страна на шефовите на државите членки на советот на ЕУ, вели претседавачот на одборот на директори на ОМД, Стојан Николов.  “Освен ако ЕУ одлучи да се придржува кон сопствените правила и ако престанат да ги кршат принципите кои тие ги проповедаат на другите, оваа година најверојатно нема да биде различна од предходните, директно посочувајќи на длабоката нефункционалност на процесот на проширување на ЕУ.”

И покрај значителните пофалби за напредокот на Македонија, во извештајот стојат и неколку прилично контрадикторни изјави во врска со Охридскиот рамковен договор (ОРД).

Во извештајот се признаваат некои многу сериозни политички проблеми, како што се зголемувањето на сегрегацијата во јавниот образовен систем по основа на етнички линии,  како и недоволната застапеност на неалбанските етнички малцинства во јавната администрација како  на пример Ромите и Турците.  ОМД смета дека овие и многу други проблеми, се директно поврзани со пропустите на ОРД.  Но сепак, извештајот постојано спомнува дека Охридскиот рамковен договор е “суштински елемент на демократијата и владеењето на правото во земјата.”

“Охридскиот рамковен договор не е темел на мултикултурна Македонија, туку македонскиот Устав е документот што гарантира еднакви права за сите македонски граѓани.  Напротив, Охридскиот рамковен договор има спротивни ефекти врз демократијата во Македонија.  Поради ОРД, државните службеници во Македонија се вработувани само за да се задоволат етнички квоти, а не врз основа на објективни работни критериуми.  ОМД верува дека сите македонски граѓани треба да уживаат еднакви права, кроени според највисоките меѓународни стандарди,” вели претседателот на ОМД, Методија А Колоски.

Како резултат на грчките приговори, во извештајот на ЕУ, Македонија постојано е наведена како “поранешна југословенска,”  и повторно се повикува на продолжение на “преговорите за името” со надеж за изнаоѓање на “взаемно прифатливо решение” под покровителство на ОН.  За разлика од претходните документи на ЕУ, придавката македонски е употребена два пати.  Понатаму, во извештајот се споменува и пресудата од Меѓународниот суд на правдата донесена на 5ти декември 2011 година во случајот Македонија против Грција, но извештајот го минимизира значењето на пресудата во односите помеѓу двете земји.

“Во 21 век,  на една демократска и европска земја и е одбиено најосновното право, а тоа е правото на самоопределување.  Помнаа дваесет години по паѓањето на комунистичка Југославија, но сепак, ЕУ продолжува со навредите врз граѓаните на Македонија со постојано наметнување на привремената референца.  Европските вредности за кои Македонија се залага, не треба да се користитат како уцена за принудување на земјата да го смени своето уставно име, што би било лицемерно од страна на ЕУ,” додаде  потпретседателот на ОМД и председавач на советничкиот одбор, Александар Митрески. 

Previous UMD: EU Continues To Send Mixed Signals On Macedonia

UNITED, WE CAN!

United Macedonian Diaspora
800 Maine Avenue SW Suite 200 Washington, D.C. 20024

Opening Hours:

Mon – Fri: 9:00 am – 5:00 pm

United Macedonian Diaspora © 2024. All Rights Reserved