|
For English click HERE. Автор: Ордан Андреевски Зошто владата на Австралија и опозицијата ја немаат признаено Република Македонија под уставното име? Зошто би го сториле тоа и што може да стори Австралиско-Македонската заедница за тоа? Австралиско-Македонската заедница e недоволно ангажирана на социјалнен и политички план како на пример прашањето со името кое е резултат на историски, политички, и стратешки неактивности. Капацитетот на етнички заедници да влијаат врз Австралиската надворешна политика зависи од нивниот степен на упорност, слога и моќта да планираат, организираат ресурси, да имплементираат кампањи, да показжат лидерство, да подигнат финанциски средства и да учат од поранешно искуства на успешни модели. Големината на заедницата не е одлучувачки фактор како што може да се види од примерот на Еврејската заедница и нејзиното силно влијание врз Австралиската надворешна политика во блискиот исток. Зошто владата на Австралија и опозицијата ја немаат признаено Република Македонија под уставното име? Меѓународни политички фактори - Одлуката на Обединетите Нации (ОН) за привременото име ПЈРМ е сеуште на снага а и преговори околу името се одржуваат во Њу Јорк помеѓу Грција и Македонија
- Европската Унија ја следи директивата на ОН за да ја задоволи Грција
- Силно Грчко лоби продолжува на билатерни и мултилатернал нивоа (ЕУ, ОН, НАТО, Австралија, САД, итн...)
- Релативно слабо и нефокусирано лобирање од страна на Република Македонија и нејзината дијаспора во Австралија
- Од стекнување на независноста, владата на Македонија е преокупирана со членство во НАТО и ЕУ и немаат инвестирано доволно ресурси за градење на моќни, константни и квалитетни економски, политички и културни билатерални врски со Австралија и со својата дијаспора за разлика од Исраел, Грција и Кипар кои тоа го прават.
Австралиски политички фактори - Југоисточна Европа никогаш не била приоритет на надворешната политика ниту пак на разојната помош на Австралиските влади. Потенцијалниот дипломатски допринос на Австралија во регионот никогаш не бил разгледуван во Парлиментот пак ѕатоа и Австралија нема стратегија за овој дел на светот
- Повеќето Министри и пратеници не се запознаени со Југоисточните Европски прашања
- Премиерот, Министерот за надворешни работи и Федералните претставници досега немаат добиено добро аргуменитрана причина или пак некакова корист за да ги задоволат политички потреби на Австралиските Македонци по цена да ризикуваат да ги нарушат односите со Грчкото лоби
- Одговорот на логичното прашање Што има за нив треба внимателно да се размисли и да се претстави на убедлив начин
- Мнозинството на политичките и меѓународните уредници и новинари во Австралија не се запознаени со прашањата околу Југоисточна Европа, а камо ли за Македонските интереси.
- Промена на политиката кон уставното име на Република Македонија никогаш не била висок приоритет на Владата на Премиерот Хавард и на опозицијата а и истовремено не било и хитно прашање на Австралиско-Македонска заедница
- Силно лобирање од страна на Грција и нејзината дијаспора во Австралија продолжува, посебно преку политички и бизнис контакти кои имаат влијание врз главните институции и кабинетот на Претседателот на сојузната влада како и на државните премиери, кабинети од Парлиментарните пратеници, итн
- Релативно слабо и некоординирано лобирање од недоволно поткрепената Амбасада на Македонија (од страна на РМ) и Австралиско-Македонската заедница
- Австралиско-Македонската заедница е претежно претставена како верен подржувач на Австралиската Лејбор Партија (АЛП) од страна на Либералите кои немаат многу причини да ги задоволат Македонците
- Австралиско-Македонската заедница е третирана како гарантиран глас од страна на АЛП и затоа дури и симболичната консесија за признавање на уставното име не им доаѓа на памет на оваа партија која е во опозиција
- Австралиско-Македонската заедница нема сила во Австралија без ниту еден пратеник на Државен или Федерално ниво, заедницата ја нема искористено својот политички потенцијал во последниве десет години, заедницата се нема ангазирано со политичка трговија, заедницата нема знаци на политичка усовршеност или пак стратегија за добивање на моќ и влијание во Австралија
- Австралиско-Македонската заедница од средината на 1990-те години има постанато дезориентирана, поделена и не е вклучена во Австралискиот политички живот.
- Австралиско-Македонската заедница нема еднинствено национално преставително тело кое може да говори во еден глас, со авторитет и со легитимитет со Австралиските политичари, бирократи и медиуми
- Јавниот спор во Австралиските судници помеѓу Владиката Петар и одредени Австралиско-Македонски црковни општини не допринесе кон Македонската кауза, реноме, јавен имиџ, а во исто време се потришија големи финансиски средства кои можеа да бидат наменети за изградба на капацитетите на заедницата и лобирање. Овој проблем мора под итно да се реши
- Најдобрите и најбистрите млади Австралиско-Македонски лидери, професионалци, и интелектуалци се немаат ѕаангажинароно во иницијативи за развој на заедницата, во лидерски улоги во организации или пак во политички кампањи. Средства и програми за развој на сегашни и идни лидери би во голем дел допринеселе кон решавање на проблемот со не-ангажираност.
Зошто треба владата на Австралија и опозиција да ја признат Република Македонија под уставното име? - Македонскиот народ неспорно има право да го определи своето име и идентитет. Преку референдуми за прифаќање на уставното име се има определено и сите други членки на ОН треба да ја почитуваат вољата на народот
- Досега 120 суверени земји ја имаат признаено Република Македонија под уставното име вклучувајќи ги и САД, Кина, Русија, Индија, Турска, Велика Британија бидејќи тоа е исправниот пат гледано од етичка, социјална, правна и стратешка преспектива и време е и Австралија да ги следи другите
- Префиксот Поранешна Југославија не е повеќе логичен бидеќи Југославија веќе не простои, а Република Македонија постои
- Префиксот Поранешмна Југославија е навредлив и оди наспроти желбите на Македонскиот народ за самоопределба
- Република Македонија со години е фактор на мир, стабилност, демократија, хуманитарна помош и регионална интеграција во Југоисточна Европа и треба да биде признаена за доприносите од страна на Австралија
- Република Македонија како Австралија ја подржува Војната Против Терор и има своја војска во Ирак и Афганистан
- Република Македонија ги има прифатено Европските вредности како интеграцијата во ЕУ и НАТО. Таа има направено систематски промени како резултат на нив сега има статус на кандидат во ЕУ
- Сегашната влада на Република Македонија активно се обидува да развие блиски економски односи со Австралија како што можеше да се види во неодамнешните реклами во весникот The Australian за кампањата Invest in Macedonia
- Австралиската влада треба да живее во согласност со своите дефинирани вредности и да застане на страна на правдата а не да се покорува на притисок од Грцијата и нејзината дијаспора
- Грција е најголемиот странски инвеститор во Македонија
- Австралиско-Македонската заедница очекува фер и правилен одност од Австралската влада и опозиција
- Австралиско-Македонската заедница има вистински интерес, желба и намера да гради поблиски политички, економски и културни врски помеѓу Австралија и Македонија и ќе работат во партнерство со сите релевантни страни во развој и спроведување на стратешки план кон тие цели
Во изборна година, вниманието на Австралиските политичари и нивните советници ќе бидат фокусирани на жешки прашања поврзани со сигурноста на партиите, со националниот интерес и најповеќе со задржување или пак добивање на власт. Прашање поврзано со Македонското уставно име не е на радар на Федералната влада или пак на опозицијата и ќе се натпреварува со други поважни прашања и кампањи иницирани од страна на влијателни, професионални и добро финансирани организации. Како да се убедат Австралиските политичари да посветат драгоцено време и да го прифатат предлогот за запознавање на Македонското уставно име ќе биде голем предизвик за било која организација. Фактори кои можат да допринесат за промена на политиката кон уставното име на Македонија во Австралија - Промена на политиката за името во ОН, ЕУ, или во Грција во корист на Македонија
- Развој и имплементација на стратешки план за градење поблиски политички, економски, и културни односи помеѓу Австралија и Македонија кој што би можел да вклучи и создавање на Австралиско-Македонски Институт или Фондација или пак Австралиско-Југоисточен Европски Институт
- Започнување на кампања наречена Време е да се признае уставното име на Македонија со цел да се влијае на Австралискиот премиер и на неговите министри како и на федерални пратеници, опозицијата, комитетити кои се занимаваат со надворешна политика, уредници и новинари
- Создавање на медиумски притисок наменет кон горе наведените политички актери со посредство на колумни, текстови, писма, извештаи и слично и така да се гради платформа за промена на политиката кон Македонското уставно име
- Испраќање на Австралиски новинари на мисија во Република Македонија да непосредно дознаат факти
- Австалиски-Македонци да станат независни кандидати
- Австралиски-Македонци да се зачленат во АЛП, Либералната партија и други партии и да бараат подржка и можност за развивање на Австралиско-Македонските односи
- Серија на високи средби со лидери на федералната влада и опозијата
- Политички донации за Либералната и АЛП и константно лобирање за Македонските прашања
- Издавање картички кои објаснуваат како да се гласа пред Федералните избори и изнесување на ставот на кандидатот кон уставното име на Република Македонија
- Развој и имплементација на стратешки план за обединување, засилување и интегрирање на Австралиско-Македонската заедница во главни Австралиски институции, со Република Македонија, со Македонската дијаспора насекаде во светот и со други партнери и пријатели
Австралиско-Македонската заедница може да користи стратешки јавни комуникации за да ги унапреди своите интереси во Австралија и во светот. Визијата може да се направи реалност со бистро размислување, акција и партнерство со посветени и компетентни лидери и релевантни странки. Воспоставување национална гордост и спремност да се инвестира во нашата иднина исто така ќе помогне. Австалиско-Македонската заедница ќе мора да си ги расчистат внатрешните проблеми пред да може да влие на Австралиската надворешна политика. Соочување со проблемите и можностите кои се опфатени во овој текст се предуслов за успех. Авторот, Ордан Андреевски, е кандидат за докторирање во Манаџмент на Универститот во Мелбурн и е активен член на Обединета Македонска Дијаспора. Можете да го контактирате преку е-маил адреса на
This e-mail address is being protected from spam bots, you need JavaScript enabled to view it
-------------------------------------------------- ДА ПОСТИГНЕМЕ РЕЗУЛТАТИ - ОБЕДИНЕТИ МОЖЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ ВО ОМД ДЕНЕСКА! Обединета Македонска Дијаспора ви нуди разни начини преку кои можете да бидете активни, запознајте се со проблемите со кои се соочуваат Македонците, и помогнете да оствариме посветла иднина за Македонија и за Македонците ширум светот. Притисни тука и стани член на ОМД.
|