|
Драги членови, пријатели и приврзаници на Обединетата Македонска Дијаспора (OMD), На крајот на 2006та година, убаво е да се погледне наназад и да се разгледаат достигнувањата во оваа измината година, па така и нашата организација Обединета Македонска Дијаспора ви ја испраќа оваа Божиќна и Новогодишна честитка со oпшт преглед на успесите во изминатите 12 месеци. Во овој период на дарување, се надеваме на ваша финансиска подршка која дирекно ќе помогнете да продолжиме непречено со застапување на интересите и потребите на Македонците и македонските заедници ширум светот. Како што можеби знаете, основани сме пред две години со цел да ја задоволиме потребата за македонски глас во главниот град на Соединетите Американски Држави, Вашингтон. Нашата организација стана лидер за продлабочување на пријателствата помеѓу САД, Обединетите Нации, и НАТО со Македонија. ОМД е водечка сила позади сестраната, непартиска иницијатива на македонската дијаспора за безкомпромисно обезбедување на слобода, демократија, и безбедност во Македонија и за Македонците ширум светот. Во изминатата година, Обединетата Македонска Дијaспора беше ангажирана со следење на активностите во Американскиот Конгрес каде што неколку резолуции директно ја вклучуваа Република Македонија и Македонците во САД. Нашата организација покрена неколку иницијативи по повод Резолуциите 521 и 306, со што ја поттикнаа македонската заедница во САД да реагира бурно против овие про-грчки резолуции. Нашата организација активно работеше на едуцирање на aмериканските конгресмени за Република Македонија и за нехуманоста и неуставноста на овие резолуции. Исто така, нашите волонтери беа присутни кога македонскиот aмбасадор oдржa предавање во Америнаксиот Конгресот по повод овие резолуции. Во повеќе наврати претставници на ОМД се сретнаа со претставници на aмериканската и македонската влада, меѓу кои и aмериканскиот aмбасадор во Македонија, конгресмени, сенатори, американски државни службеници одговорни за канцелариите во Југоисточна Европа, како и поранешни и сегашни македонски претседатели, премиери, министри за економија, одбрана и надворешна политика. На овие средби нашата организација продолжи и понатаму да придонесува за продлабочување на пријателството помеѓу САД и Македонија, економска размена, поддршка во преговорите за нашето уставно име, територијален интегритет, човекови права на Македонците во соседните земји, како и НАТО и Евро-интеграции. За да се овозможи директна поддршка за интегрирање на Република Македонија во НАТО, нашата организација поведе кампања “Македонија во НАТО 2008,” чија цел e да ги охрабри и увери сегашните членови на НАТО дека Македонија припаѓа во НАТО. Иницијативите на ОМД беа еден од главните фактори во успешното донесување на НАТО Актот за Слободна Консолидација во Сенатот на Америка. Овој акт е директна и непобитна логистичка и финансиска поддршка од страна на Соединетите Американски Држави до Македонија во напорите за навремено проширување на НАТО. Оваа есен нашата организација беше фокусирана околу континуираната дискриминација и прекршувањето на основните човекови права врз Македонците во Бугарија. За подобро да се афирмира овој проблем, нашата организација поведе кампања на страницата http://www.macedoniancommunity.com, каде што многу лесно можеше да се испратат писма до сите пратеници на Европскиот Парламент. Македонци од целиот свет се вклучија на оваа кампања и овозможија да се испратат над 3 милиони писма во рок од една недела. Нашата организација е решена да продолжи неуморно да работи на признавањето на човековите права на Македонците во Бугарија, како и во соседните земји. Со организирани посети на споменици и музеи, волонтерите на Обединетата Македонска Дијаспора им помогнаа на Американскиот Стејт Департмент кога четири ученици од Делчево беа поканети да го посетат Вашингтон. Овие интелигентни млади Македонци ја добија највисоката награда “Врати на Дипломатијата,” која ја додели Стејт Департментот по повод нивната веб страница за борба против сиромаштијата во светот. Нашата организација беше активна и на културното поле. Како иницијатива да се покаже богатото македонско традиционално културно наследство, Обединетата Македонска Дијаспора заедно со нашата aмбасада во Вашингтон и Македонскиот Уметнички Центар во Њуjорк одржа литературни вечери, каде беа презентирани Нови Дела за Промовирање на Македонската Историја и Култура со Соединетите Amerikaнски Држави од страна на Др. Мајкл Серафинов. ОМД присуствуваше на комеморацијата на Стојан Кристов, во Довер, Вермонт, каде беше подигната спомен-плоча за овој виден Македонец кој бил избран vo парламентот на Вермонт, како и во Сенатот. Неговата книга Ова е мојата zемја била една од омилените на поранешниот американски претседател, Френклин Делано Рузевелт. Овој настан беше организирано од страна на Советот за македонска уметност. Обединетата Македонска Дијаспора исто така беше вклучена во хуманитарни активности кога се заложи за потребите на семејството Ристески од Прилеп. Нашата организација организаираше хуманитарна вечер во македонската амбасада во aприл 2006та, за помош на младите Андријана и Менде во борбата против ретката болест aтаксија. Донации се се уште добродојдени за овие два млади животи -- повеќе информации за тоа како да му помогнете на ова семејство може да најдете на нашата веб страница. Нашата вeб страница, (http:///www.umdiaspora.org) стана централно место за добивање најнови информации околу прашањата што ја засегаат Македонија и Македонците ширум светот. Во текот на месецот ноември, просечно имавме по неколку илјади посети на ден, за на 24ти ноември да имаме над 11.000 посети на нашата веб страница. Во текот на годината постојано ја подобрувавме страницата и неодамна овозможивме лесен начин да може да донирате и формално да станете член на нашата организација. Нашата страница и понатаму e без реклами со што вашата посета ќе биде попријатна. Што се однесува до нашите идни активности, нашата организација планира да продолжи со едуцирање, културна размена, и хуманитарни акции. Нашите напори ќе бидат насочени кон промовирање на економскиот развој на Република Македонија, евроинтеграциите, обединување на македонските организации во дијаспората, и отворена комуникација со нашите членови. Се надеваме да се надградиме во активностите околу македонските студенти низ светот со неколку програми, повеќе програми во Австралија, а во соработка со македонскиот весник во Америка, Македонски Глас, да го организираме првиот Македонски Фестивал во Њу Џерси. Има толку многу што Обединетата Македонска Дијаспора сака да постигне со вашата активност. Обединети Можеме! во вистинско светло ја опишува нашата мисија, и затоа ве покануваме да станете наш член уште денеска*. Со зачленување во нашата организација вашите средства директно ќе и помогнат нa македонската иднина и решавањето на неколку важни македонски прашања. Ако имате некои прашања, можете да се јавете на (202) 294-3400, или преку е-маил,
This e-mail address is being protected from spam bots, you need JavaScript enabled to view it
. Искрено сакаме да ви се заблагодариме за континуираната поддршка што ни ја давате и се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму. На вас и вашeтo семејство ви посакуваме среќни Божиќни празници и просперитетна Нова 2007 Година. Срдечно, Обединета Македонска Дијаспора -------------------------------------------------- *Како мал гест на благодарност, за одреден број нови членови на ОМД ќе испратиме примерок од легендарниот македонски роман, Калеш Анѓа. Овие примероци се овозможени како донација од страна на Др. Мајкл Серафимов, кој за првпат ја преведе оваа книга на aнглиски. **Обединетата Македонска Дијаспора е регистрирана корпорација во државата Вирџинија, и има поднесено апликација да биде изземена од данок според кодот 501 (c) (3). Додека таа апликација не биде одобрена, вашите донации не се “tax deductible”. -------------------------------------------------- |