|
ОМД ЗАДОВОЛНА ОД ОДНОСОТ НА ИЗБОРИТЕ |
|
|
|
|
Tuesday, 11 July 2006 |
|
Read this Press Release in English by clicking HERE. Објава број. 06-07/12 Вашингтон, САД – Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) е задоволна од демократскиот и мирeн тек на парлaментарните избори што се одржаa во Република Македонија на 5ти јули. Им честитаме на граѓаните на Македонија за афирмирањето на целта за влегување на Македонија во НАТО и Европската Унија. Сите македонски граѓани треба да сфатат дека единството е неопходно за зачување на мирот и социо-економската стабилност во државата. ОМД им ја честита победата на победничките партии и им пожелува успех во водењето на државата. Nашата организација исто така ја повикува победничката партија да ги вложи сите свои напори во формирање функционална коалиција коjа ќе ја почитува волјата на гласачите и професионална влада која ќе продолжи со неопходните економски и социjални реформи. Според нашата организација, економската обнова е поважен приоритет од тесно тетничките размислувања, особено во пост-Рамковниот период. Обединетата Македонска Дијаспора се надева на продолжување и продлабочување на соработката со македонската влада. Основана во 2004 г., Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) е меѓународна организација со седиште во Вашингтон, САД, која ги застапува интересите и потребите на Mакедонците и македонските заедници во светот. За повеќе информации ве покануваме да ја контактирате канцеларијата во Вашингтон на (202) 294-3400, или преку е-маил на
This e-mail address is being protected from spam bots, you need JavaScript enabled to view it
### |