|
ОМД ГИ ПОВИКУВА ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ДА ГЛАСАТ |
|
|
|
|
Read this Press Release in English by clicking HERE. Објава број. 06-06/30 30.06.2006 Соопштение Вашингтон, сад – Обединетата Македонска Дијаспора ги повикува граѓаните на Македонија да гласaат во наредните парламентарни избори, закажани за 5 јули 2006. Како што беше наведено во нашето претходно соопштение, овие избори се од огромно значeње за Република Македонија. Ги повикуваме граѓаните на Македонија да ja исполнат својата цивилна должност и да имаат активна улога во формирањето на нивното општество. Гласачкото право е загарантирано за сите граѓани под Уставот на Република Македонија, и тоа право треба да се искористи независно од личнoтo мислењe за некоја владa – сегашна или претходна. Важноста на овие избори не може и не смее погрешно да се протолкува. Обединетата Македонска Дијаспора исто така бара сите политички партии да спречат секакви потенцијални немири, како оние од последните неколку дена, кои ja нарушија изборната кампања, посебно помеѓу етничките албански партии. Овие дела му наштетуваат на имиџот на Македонија во меѓународната заедница и не смеат да се толерираат во земја кандидат за влез во НАТО и ЕУ. Исто така, бараме и очекуваме Министерството за внатрешни работи и Јавниот oбвинител целосно да ги испитаат наводните обвинувања за изборни малверзации и да ги осудат лицата кои се одговорни за прекршување на изборниот законик. Меѓународната заедница постојано укажува дека овие избори се одлучувачки за брзината на интеграцијата на Македонија во Eвроатлантските институции. Доколку изборите не бидат слободни, фер, транспарентни и мирни, ќе го загрозат досегашниот прогрес и ќе и наштетат на стабилноста на државата. Обединетата Македонска Дијаспора верува дека со овие избори и се дава уште една шанса нa Македонија да ja продолжи транзицијата кон целосно функционална демократија. Со оглед на сето ова, Обединетата Македонска Дијаспора е подготвена да соработува со секоја македонска влада за зајакнување на солидарноста на македонските иселенички заедници ширум светот. Основана во 2004 г., Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) е меѓународна членска организација лоцирана во Вашингтон, САД, која ги застапува интересите и потребите на македонците и македонските заедници во светот. За повеќе информации околу Обединетата Македонска Дијаспора јавноста се поканува да ја контактира телефонски канцеларијата во Вашингтон на (202) 294-3400, или преку е-маил на
This e-mail address is being protected from spam bots, you need JavaScript enabled to view it
###
|