Пребарување:
дома
RSS канали
Канал 5 пошта
Денес во вестите со Вас
Со
Весна Ковачевска Трпчевска
Видео Вести
Или преземи ги тука
Топ вести
Вести од Македонија
Вести од Економија
Вести од Свет
Македонија
Економија
Култура
Спорт
Занимливости
Балкан
Европа
Свет
По автор
Македонија
Дијаспората ги повикува Македонците да и пишат на Рајс пред средбата со Бакојани
„Запрете ја грчката кампања на дезинформации“ - гласи глобалната иницијатива на македонската обединета дијаспора во пресрет на средбата меѓу американската државна секретарка Кондолиза Рајс и грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани на 14-ти февруари во Вашингтон. Со илјадници електронски пораки пратени преку интернет, македонската дијаспора стартува со акција Македонците да и пишат на Рајс барајќи таа на Бакојани да и ја повтори позицијата на Вашингтон – дека САД го признале уставното име на Република Македонија, дека го поддржуваат влезот на земјава во НАТО и дека прашањето за името не е критериум за членство во алијансата.
Во писмата пратени од македонската дијаспора постои можност директно само со едно „кликање“ веднаш да се поврзете на веб - сајтот на Стејт Департментот, каде во делот насловен како тема го избирате државниот секретар. Писмото што ќе го напишете ќе биде пратено до кабинетот на Кондолиза Рајс. Другата опција е да го преземете веќе напишаното писмо од македонската дијаспора и во ваше име да и го пратите на државната секретарка. Суштината на текстот е дека една земја не може на друга да и го оспори правото на име и на идентитет, дека Македонија покажала голема конструктивност за решавање на прашањето преку промена на државното знаме и уставот и дека името не треба да биде услов за покана на Македонија на букурешкиот самит на НАТО. Средбата Рајс - Бакојани е на грчко барање и е обид на Атина пред самитот во Букурешт да го смени ставот на Вашингтон за прашањето за името, кој смета дека Грција нема право да го блокира приемот на Македонија во НАТО под привременото име.
(02.02.2008)
Автор
:
Владимир Мирчевски
vladimir.mircevski@kanal5.com.mk
Назад
Слични вести:
Останати вести од оваа рубрика:
(20.08.2008)
>>
Нимиц утре во Скопје
(20.08.2008)
>>
Беласица и натаму гори
(20.08.2008)
>>
Млекопроизводителите го блокираа патниот правец Скопје-Тетово кај наплатната рампа Желино
(19.08.2008)
>>
100 илјади македонски граѓани во последните 20 дена ја минале границата со Грција
(19.08.2008)
>>
Државното раководство со усогласени позиции го чека медијаторот Нимиц
Copyright ® Channel 5 Television 2005 All rigths reserved.