ОМД му честита на првиот македонски член на албанскиот парламент Васил Стерјовски

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), организација за застапување на Mакедонците од целиот свет со седиште во Вашингтон, САД, од се срце му честита на Васил Стерјовски, првиот Македонец кој стана член на албанскиот парламент и кој ја претставува македонската малцинска заедница во Албанија.

По давањето на заклетвата, Стерјовски рече: “Имам историска одговорност да ви ги пренесам честитките од Македонците, кои се лојални граѓани на Република Албанија, бидејќи тоа е нивната родна земја … Македонците во Албанија помогнаа да се ослободи Албанија од фашизмот (за време на Втората светска војна) и станаа важен дел од оваа земја. “

“Денес е историски ден за Албанија, за Македонија, за македонското малцинство во Албанија кое долго се бореше за да го постигне овој резултат, како и општо за човековите права”, изјави претседателот на ОМД, Методија А. Колоски, кој има корени од Корча, Албанија на страната на татко му. “Васил е пример за млад лидер во Албанија со вистинска визија за потребите на македонското малцинство во таа земја, што работеше напорно за да изгради свест, мостови и дијалог. Горди сме на неговите и нашите колективни достигнувања како Македонци”.

Стерјовски е еден од само неколкумината членови на националните парламенти во светот со македонско потекло. Албанија им се придружи на Франција, Германија и Романија, кои веќе имаат парламентарци со македонско потекло. Стерјовски говореше на 4-тата Глобална конференција на ОМД – Скопје, Македонија, во 2013 година, за статусот на Македонците во Албанија. Неговите забелешки можете да ги проследите со кликнување на ОВОЈ ЛИНК.

“Ние сме длабоко посветени на човековите права на етничките Македонци и очекуваме да соработуваме со Васил за понатамошна демократија, граѓански права, мултикултурна плуралност и верска слобода за сите во Југоисточна Европа”, додаде Колоски.

ОМД ја користи оваа можност да го охрабри албанскиот парламент да ја преведе својата веб-страница на македонски и на јазиците на другите малцинства за да им се обезбеди еднаква можност на малцинствата во Албанија да ја разберат работата на парламентот и одлуките што се носат во име на сите албански државјани.

Стерјовски ги предаде своите забелешки на албански јазик. Подолу може да се прочита преводот на македонскијазик, како и оригиналниот текст на албански:

Почитуван претседател на Собранието,
Почитувани пратеници,
Имам историска должност да Ви пренесам поздрави од Македонците, кои се лојални државјани на Република Албанија, бидејќи таа е и нивна матична држава.
Во Албанија сме родени, во Албанија живееме, во Албанија работиме, како албански државјани заедно ќе се грижиме и ќе ја браниме Република Албанија како наша заедничка татковина и нејзините интеграции во Европската Унија, потпирајќи се на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави.
Имаме прекрасна држава на која треба сите да и’ се радуваме, Господ и природата се’ ни дале!
Јас сум генерален секретар на единствената Македонска партија во Република Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција, која покрај другите политички партии, се грижи за сите, меѓу нив и за унапредување на положбата и правата на Македонската заедница во нашето мултикултурно, мултијазично и мултиконфесионално општество.
Македонците од Албанија, им се придружија на албанските партизани во Втората светска војна и помогнаа во ослободувањето на Албанија од фашизмот и станаа важен дел од оваа земја. Затоа и ние Македонците, заедно со Албанците, Грците, Власите, Ромите, Еѓиптјаните, Србите, Црногорците, Бошњаците, се чуствуваме рамноправни со рамноправните пред Уставот и законите.
И досега многу Македонци ги имало и ги има во институциите на системот. Јас сум горд, затоа што сум пратеник во Собранието на Република Албанија, за првпат во нејзината историја, од регистрирана Македонска партија.
Според договорот за коалиција од 2017 година меѓу, Македонска алијанса за европска интеграција и Социјалистичкото движење за интеграција, бев петти на листата на Социјалистичкото движење за интеграција, во Округот Корча.
Изразувам благодарност до Собранието на Република Албанија кое во 2013 година ја вратија македонската топонимија на општина Пустец и нејзините девет села.
Општина Пустец е интересна туристичка дестинација, која е запоставена последните 28 години, и сметам дека Владата треба да вложи во развојот на туризмот, патната инфраструктура, водоводот и канализацијата, како и треба да помогне во меѓуграничната соработка и развојот на евро-регионот и национален парк “Преспа“ меѓу Албанија, Грција и Македонија.
Се разбира, Македонската заедница во Република Албанија не се само Македонците во општина Пустец и селото Врбник во областа на Девол. Македонците во Албанија живеат во педесетина села долж албанско-македонската граница, во областите Мала Преспа во Округот на Корча, Голо Брдо во Округот на Дебар и Гора во Округот на Кукс, како и во градовите Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Билишта, Подградец, Кукс, и други места.
Почитувани пратеници,
Македонците во Република Албанија и Албанците во Република Македонија се мостови на соработка и братство во македонско-албанските односи, врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност.
Ќе вложам се’ од себе, заедно со сите Вас, до крајот на мандатот да ги остварам надлежностите на пратеник во ова Собрание и да ги понесам одговорностите од предизвиците пред кои се исправени општеството, народот и државата, сите ние заедно.
Ви благодарам на вниманието.

I nderuar kryetar i Kuvendit,
Të nderuar deputetë,
Unë kam një detyrë historike për t’ju përcjellë përshëndetjet nga Maqedonasit të cilët janë qytetarë luajalë të Republikës së Shqipërisë, sepse ajo është edhe vendlindja jonë.
Në Shqipëri kemi lindur, në Shqipëri jetojmë, në Shqipëri punojmë, si qytetarë shqiptarë dhe së bashku do të kujdesemi dhe do ta mbrojmë Republikën e Shqipërisë, si Atdheun tonë të përbashkët dhe do të punojmë për integrimin e tij në Bashkimin Evropian, duke u mbështetur në partneritetin strategjik me Shtetet e Bashkuara të Amerikës. Ne kemi një vend të bukur të cilit duhet t’i gëzohemi, Zoti dhe natyra na kanë dhënë gjithçka!
Unë jam Sekretari i Përgjithshëm i të vetmes Parti maqedonase në Shqipëri – Aleanca e Maqedonasve për Integrim Europian, e cila ashtu si partitë e tjera politike, kujdeset mes të tjerash edhe për të përforcuar statusin dhe të drejtat e komunitetit maqedonas në shoqërinë tonë multikulturore, shumëgjuhëshe dhe multi-konfesionale. Maqedonasit e Shqipërisë iu bashkuan partizanëve shqiptarë në Luftën e Dytë Botërore dhe ndihmuan në çlirimin e Shqipërisë nga fashizmi dhe u bënë pjesë e rëndësishme e këtij vendi. Prandaj edhe ne, Maqedonasit, së bashku me Shqiptarët, Grekët, Vllehët, Romët, Egjiptianët, Serbët, Malazezët, Boshnjakët, ndihemi si të barabartë mes të barabartëve para Kushtetutës dhe ligjeve.
Deri tani ka pasur dhe ka shumë Maqedonas në institucionet e shtetit. Unë jam krenar, sepse jam deputeti i parë i minoritetit maqedonas në Kuvendin e Republikës së Shqipërisë në historinë e tij, që vjen nga një parti e regjistruar maqedonase. Në bazë të marrëveshjes parazgjedhore të vitit 2017 midis dy partive: Aleanca e Maqedonasve për Integrim Europian (AMIE) dhe Lëvizjes Socialiste për Integrim (LSI), unë isha i pesti në listën e LSI-së, për Qarkun e Korçës.
I shpreh mirënjohje Kuvendit të Republikës së Shqipërisë, i cili në vitin 2013 ktheu toponimet maqedonase ne Bashkinë e Pustecit dhe nëntë fshatrat e saj.
Pusteci është një destinacion interesant turistik i lënë pas dore në këto 28 vite, ndaj qeveria duhet të investojë në zhvillimin e turizmit, infrastrukturën rrugore, rrjetin e ujësjellësve dhe kanalizimeve, si dhe duhet të ndihmojë në bashkëpunimin ndërkufitar, për zhvillimin e Parkut Kombëtar “Prespa” mes Shqipërisë, Greqisë dhe Maqedonisë.
Natyrisht, komuniteti maqedonas në Republikën e Shqipërisë nuk janë vetëm Maqedonasit në Bashkinë e Pustecit dhe f.Vërbnik në Zonën e Devollit. Maqedonasit në Shqipëri jetojnë në rreth pesëdhjetë fshatra përgjatë kufirit shqiptaro-maqedonas, në zonat e Prespës në Qarkun e Korçës, Gollobordës në Qarkun e Dibrës, Gorës në Qarkun e Kukësit, dhe në qytetet e Tiranës, Elbasanit, Durrësit, Korçës, Bilishtit, Pogradecit, Kukësit, etj
Të nderuar deputetë,
Maqedonasit në Shqipëri dhe Shqiptarët në Maqedoni janë urë bashkëpunimi dhe vëllazërie në marrëdhëniet shqiptaro-maqedonase mbi parimet themelore të së drejtës ndërkombëtare bazuar në sovranitetin e barabartë.
Unë personalisht do të jap gjithçka nga vetja ime, së bashku me të gjithë ju, që deri në fund të mandatit të përmbush detyrimet e deputetit të këtij Kuvendi dhe do të mbaj përgjegjësi përpara sfidave me të cilat do të ballafaqohet shoqëria, qytetarët dhe shteti, të gjithë ne së bashku!
Faleminderit për vëmendjen tuaj.