Претседателот на ОМД сведочеше пред Конгресот за американската помош за Македонија

На 12 Март 2019 година, Претседателот на Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) Методија А. Колоски се обрати пред Подкомитет за одобренија за државни, надворешни работи и сродни програми при Претставничкиот Дом на Соединетите Американски Држави со кој претседава влијателната Конгресменка Нита Ловеј.

Видео на фејсбук од сведочењето можете да го поглнете ОВДЕ. На Јутуб ОВДЕ.

Дел од текстот следи:

„Седумдесет и шест години по Холокаустот на македонските евреи во време кога Макединија беше под бугарска окупација, Република Бугарија се нема извинето на македонско-еврејската заедница, за што апелираме Конгресот да го искористи своето влијание и го промени тоа“ – изјави Колоски ден по заблежувањето на 76-годишнина од холокаустот на 98 отсто од македонското еврејско население.

ОМД е водечка организација на македонската дијаспора која претставува половина милион американци со македонско потекло и важи за лидер во зајакнувањето на американско-македонските односи. САД инвестираа близу 2 милијарди долари за да и помогнат на Македонија.

За време на сведочењето, Колоски изрази несогласување и незадоволство за притисокот врз Македонија причинет од претходната и актуелна администрација на САД. Сегашната администрација, исто така, го поддржа нелегитимниот избор на поранешен терорист Талат Џафери за претседател на македонскиот парламент.

„Од 2008 година кога членството на Македонија во НАТО беше оспорено од страна на Грција поради спорот за името, перцепцијата за САД во Македонија бележи надолен тренд како последица на евидентниот притисок врз Македонија да го промени своето име како предуслов за интеграција на земјата во НАТО, што е спротивно на владеењето на правото и демократските приципи“ – наведе Колоски.

„Повеќе од 27 години, Грција тврди дека уставното име на Македонија има територијални аспирации кон грчките територии, но со промена на името на Македонија во Северна Македонија, се наметнува постоењето на Јужна Македонија, каде македонското малцинство е оспорено од 1913 година, во врска со што ве повикувам да ја проследите објавата на Би Би Си за Невидливото Малцинство во Грција, од 24 Фебруари и достапна во конгресната архива“ – елаборираше Колоски.

ОМД е организација која ја подржува евро-атлантската интеграција на Македонија, но единствено под уставното име на земјата, поради што ОМД не се согласува со остварената финансиска поддршка во прилог на референдумот за промена на името на Македонија, кој поради својот неуспех да оствари консензус, одлуката за промена на уставното име на земјата падна на товар на членовите на Парламентот кои не поседуваат мандат да одлучуваат за името на Македонија или се повикуваат на вољата на македонскиот народ.

ОМД смета дека финансиската помош на САД за Македонија треба да ја помогне слободата на медиумите, владеењето на правото, економските и еколошки предизвици, како многу поважни од промената на името на земјата, кое се коси со основното човеково право на самоопределување. Македонија има потреба од реформи во насока на поголема транспарентност, политичка одговорност, децентрализација на локалната власта, анти-корупциски мерки и поздрава животна средина. Поради аеро-загадувањето, Македонија губи 2 илјади граѓани годишно, во врска со што ОМД верува дека САД може да придонесе со помош на македонските власти и невладин сектор во справување со еколошките потешкотии.

„Историјата ќе ни суди доколку го оспориме правото на самоопрделување на една земја!“ – заклучи Колоски.