Македонија по 70 години од Универзалната Декларација на Човековите Права

На седумдесетата годишнина од Универзалната Декларација на Човековите Права, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги слави успесите во демократијата, човековата слобода и меѓународната соработка, од потпишувањето на декларацијата во 1948 година.

Вредностите загарантирани со документот, денес се поважни од било кога. Меѓу многуте човекови права, ОМД го нагласува неотуѓливото право на самоопределување кое ја обврзува меѓународната зедница да го гарантира тоа право кон сите народи, праведно и непречено. Согласно принципите содржани во декларацијата, македонскиот народ бара праведен и постојан третман по основ на универзалното право.

ОМД неуморно повикува на праведен третман кон македонскиот народ, кој единствено го бара своето право на самоопределување, право на сопствено име, култура и идентитет. Основните принципи на самоопределување гарантираат право на сите народи од 1948 година. За универзалната декларација да остане релевантен и обврзувачки документ во иднина, ОМД смета дека е важна неговата примена на праведен начин кон сите и од страна на сите потписнички страни. Наша искрена надеж е дека на седумдесетата годишнина од ратификацијата на овој документ, вредностите кои произлегуваат од истиот би биле валидни и за македонскиот народ секаде околу светот, особено во Албанија, Бугарија и Грција.

Како и секогаш, ОМД ја повикуваме меѓународната зедница и Обединетите Нации да ја признаат Република Македонија под своето уставно име.