ОМД изразува сочуство за смртта на Американскиот Претседател, Џорџ Х.В. Буш

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) изразува сочуство до семејството Буш за смртта на 41-виот Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џорџ Х.В. Буш, на возраст од 94 години, на 30-ти Ноември 2018 година.

Претседателот на Обединетата Македонска Дијаспора, Методија А. Колоски, упати сочуство до фамилијата:

„Односот помеѓу западниот свет и Македонија отсекогаш бил комплексен, во која што динамика, актуелните политики и несогласувања на политичките елити, неретко го оспорија споменот и аманетот на нивните претходници“.

„Актуелните случувања го засенија и споменот на клучната улога која Претседателот Буш ја имаше за Балканот во текот на својот мандат. Додека вклученоста на САД во раните 1990-ти сеуште за многумина е дискутабилна, ние мораме да го зачуваме, рефлектираме и цениме напредокот кој Македонија го постигна по својата независност“.

„Што и да докаже историјата, Претседателот Буш ќе остане да важи за истакнат Американец, запамтен како воин од Студената Воња кој успеа да ја види меѓународата заедница обновена на основите на пријателството, соработката и слободата“.

„Членството на ОМД изразува сочуство до семејството Буш и САД, за загубата на еден великан и почесен Претседател”.