Средба на претставници на ОМД со Претседателот Иванов

Вчера, во кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Д-р. Ѓорге Иванов, во Скопје, се оствари средба помеѓу Претседателот Иванов, претседавачот на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), Стојан Николов, и членот на Советот на ОМД, Љубен Тодоровски.

На средбата, претставниците на ОМД, како најголема организација на Македонците надвор од Македонија, го потврдија долгогодишниот став на ОМД против промена на името, ставот против “договорот” кој МНР Димитров го потпиша со МНР Козијас во присуство на Премиерите Заев и Ципрас, како и ставот за најавениот консултативен референдум на 30ти септември како непотребен со образложение дека народот требаше да се консултира пред да биде потпишан “договорот,” а не последователно.

ОМД го информираше Претседателот за иницијативата на глобалното движение Ние Сме Македонија за бојкотирање на референдумот и сите обиди против овој неуставен “договор” да влезе во сила.

ОМД му се заблагодари на Претседателот за неговото лидерство и ангажман во одбрана на македонските национални интереси, за неговиот допринос во работата со Школото за Млади Лидери кое започнува во понеделник на кое претставници од младината при ОМД – Генерација М – ќе земат учество, како и за неговата идна посета во Детроит во организација на ОМД, каде ќе биде домајќин најголемата Македонска заедница во САД.

Please follow and like us: