Реакција на ОМД по Повод Престојната Седница за Законот за Јазици

По повод вчерашната изјавата на Премиерот Заев дека се очекува оваа недела да биде донесен спорниот Закон за употреба на јазиците, ОМД како најголема организација на Македонците во дијаспората изразува силно несогласување и сериозна загриженост за актуелната политичка ситуација и можните долгорочни последици по унитарниот карактер и сувереноста на државата.

Истовремено, ОМД ги повикува пратениците во Собранието на Република Македонија, во овие крајно загрижувачки моменти за државата, да ги застапуваат граѓаните кои ги имаат изгласано, а не партиите на кои припаѓаат.

Го потсетуваме Премиерот дека современа и успешна демократија се гради исклучиво почитувајќи ги трите столба на фунцкионалност на демократска држава – независни законодавна, извршна и судска власт и секое директно мешање или вршење притисок врз пратениците на Република Македонија за избрзани и противуставни решенија е контрапродуктивно и има долгорочни последици. Особено доколку не се почитува деловникот. За жал догогодишното практикување непринципиелна политика во Република Македонија, која со последниот чин на Премиерот Заев на директен притисок врз независна законодавна власт – Собранието на Република Македонија, создава крајно загрижувачка ситуација која наместо да створи соживот, почитување на Уставот и Законите на Репубика Македонија, всушност рефлектира длабоко нарушување на демократско функционирање во Македонското општество.

Го потсетуваме Премиерот Заев и СДСМ на предизборната програма во 2016 каде во точка 1.2 Контрола над власта, СДСМ се залага за силно Собрание, департизирана полиција, независно судство, слободни медиуми итн. Во таа точка Вашите цели се силно Собрание кое нема да се сведува на гласачка машина, како и заложбата за Собрание со изразен плурален, демократски капацитет кој ќе стимулира отворена дебата, широки консултации и вистинска контрола од избраната извршна власт. Согласно со досегашното делување на Собранието, ОМД е со став дека капацитот не е достигнат, не постои широка дебата, ниту пак Собранието консултира релевантни институции и интелектуалци, ниту пак има контрола врз работа на Владата на Република Македонија.

Наместо овие заложби кои требаа да преставуваат живот во Република Македонија, вчера вие со Вашата изјава ги погазивте вашите предизборни заложби на најлош можен начин.

Please follow and like us: