Став на ОМД по основ настаните на 3ти и 4ти Март

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), како една од организациите на непартиското глобално движење “#НиеСмеМакедонија” кое на 3ти и 4ти Март обедини над 100,000 Македонци, како во дијаспората така и во матичната земја Македонија, го осудува чинот на палење на национални симболи и слики од политички субјекти, без разлика на мотивите и намерите на чинителите.

ОМД, како и другите организации предводници на движењето “#НиеСмеМакедонија”, повеќекратно повикаа на мирен и демократски протест со цел зачувување на уставното име, јазик и идентитет. Според истото, ОМД и движењето “#НиеСмеМакедонија”, се оградуваат од одговорност на чинители кои своеволно отстапија од демократските вредности и етика, со палење на национални симболи и слики од политички субјекти.

Имајќи во предвид дека повеќе од 100,000 Македонци го изразија своето право на протест на 16 локации ширум светот, која што масовност е комплексно да се контролира и покрај многубројните повици за мирно протестирање како начин на искористување на демократското право на поединецот, без разлика дали истиот е или не е член на ОМД или друго формално здружение, ОМД повикува на одговорност од страна на физичките лица кои стојат зад срамниот чин, и воедно најстрого го осудува самоволието со кое го загрозија јавниот ред, мир и демократско уредување.

Како до сега, така и од сега, ОМД останува верен партнер на Македонија кои делува непартиски, и пред се демократски.

Please follow and like us: