ОМД во чест на Гоце Делчев

Денес, ОМД оддаде почит на Гоце Делчев со положување венец пред неговиот гроб во црквата Свети Спас во Скопје.

На 4ти Фебруари 1872, во Кукуш, се роди Гоце Делчев, еден од најважните дејци во историјата на Македонија, основоположникот на Тајната Македонско Одринска Организација. Овој ден е светол ден за Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) и како таков, ОМД го чествува.

Гоце Делчев целиот свој живот го посвети на Македонија и Македонскиот народ.

Уште во средношколските денови во гимназијата Кирил и Методиј во Солун, Гоце заедно со свои сограѓани Македонци, ревлуционерно истапува на свеченоста што гимназијата ја одржува во чест на Султан Абдул Хамид II, извикувајќи “Долу Султанот“. Продолжувајќи го своето школување на Военото Училиште во Софија, како и низ посветеноста за едукација на Македонскиот народ, додека учителствува низ Македонија, Гоце Делчев ја оформува и реализира идејата за Македонска, а не Бугарска организација со цел борба за ослободување на Македонија, а не Бугарија од Отоманската Империја.

Гоце Делчев е најважната личност во Македонската борба за ослободување и формирање самостојна македонска држава. Иако имаше краток живот, Гоцевата визија и активност, има најголемо влијание врз Македонскиот народ и е всушност стожерот на Македонците за обединетост, засебност и целосна рамноправност со своите соседи и народи во светот, притоа залагајќи се за соживот со сите други кои се со различна национална припадност и религија, а кои што живеат на Македонска земја.

Македонскиот народ од територијата на денешна Република Македонија нема екслузивитет да разговара да националните обележја, ниту пак по пат на референдум да се изјаснува за промени кои директно ги засегаат и Македонците во Грција, Бугарија, Албанија, Косово, Србија, како и Македонците низ светот, од кои повеќето се раселени поради шовинистичките, националистичките и асимилаторски политики на соседните држави, а особено од европските Грција и Бугарија. Денешната генерација Македонци каде и да живеат нема легитимитет да си ја избрише својата вековност.

Искажувајќи највисока почит кон визионерот Гоце Делчев, ОМД го чествува овој ден како ден на непокорот на Македонецот во борбата за одбрана и промовирање на својата засебност и рамоноправност меѓу нациите и државите.

“Македонија има своја сопствена политика и интерес кој им припаѓа на Македонците. Тој кој работи за припојување на Македонија кон Грција, Бугарија или Србија, е добар Грк, Бугарин или Србин, но не и добар Македонец.” – Гоце Делчев

Обединети, Можеме!

 

Please follow and like us: