ОМД објави извештај за состојбата на дигиталната дипломатија во Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство го претставува својот извештај за „Состојбата на македонската дипломатија во споредба со остатокот од Западниот Балкан, Грција, Естонија и земјите од Вишеградската четворка“ во авторство на стажистот на ОМД за меѓународна политика и дипломатија, Остин Долер. Кликнете ОВДЕ за да го симнете целосниот извештај.

Помеѓу октомври и декември 2017, Долер истражуваше и подготви извештај за моменталниот статус на дипломатското присуство на Министерството за надворешни работи (МНР) на Република Македонија во дигиталната сфера. Целта на овој извештај е да утврди колку МНР е ефективно при пренесувањето на својата порака пред поширока публика и во колкава мера истото може да се подобри. Извештајот го споредува присуството на МНР на социјалните медиуми со она на десетина други европски нации.

Во извештајот беа претставени неколку заклучоци. Еден од нив беше заклучокот дека МНР треба да одржува Фејсбук и Твитер профили за секоја своја дипломатска мисија низ светот и за секој вработен во овие мисии. Друг заклучок во извештајот беше дека МНР треба да одржува високо ниво на активност на своите профили на социјалните медиуми, што би вклучувало секојдневно објавување, и тоа по неколкупати на ден. Дополнително, извештајот забележува дека треба да се поедностави веб-страницата на МНР. Моментално постојат неколку делови од англиската верзија на веб-страницата кои се уште не се преведени од македонски на англиски. Ваквата ситуација треба да биде подобрена во најскор можен рок.

ОМД се надева дека МНР ќе ги усвои препораките од овој извештај и дека ќе ги освежи своите дипломатски напори со цел да обезбеди јасно, доследно и ефективно претставување на македонската кауза и вредности низ светот.

Please follow and like us: