Само Обединети Можеме, Дали Сте и Вие со Нас?

Почитувани членови и пријатели на ОМД, почитувани наши сонародници Македонци и пријатели на Македонија,

ОМД го започна проектот 10$ за 10К, проект кој е многу значаен за нашата организација, а со тоа и за гласот на Македонците од дијаспората, но и во матичната Македонија.

https://www.crowdrise.com/o/en/campaign/umd10from10kmacedonia/macedonia

Ви се обраќаме Вам, нашите сонародници и пријатели со апел за симболична донација од 10 долари, кои иако можеби симболични за Вас, за ОМД како организација која е не-партиска и не-владина и се финансира од спонзорства и донации, има исклучително значење.

Убедени сме дека сите ние знаеме дека ниту една активност, настан, културен, спортски, политички или од каква било друга природа, е незамисливо да се одржи без подршка од тие за кои е наменет. Програмите и активностите на ОМД се наменети за сите нас, Македонци во дијаспората во САД, Канада, Европа, Австралија, во Македонија, Грција, Бугарија, Албанија, Србија, во Гора на Косово. Ве повикуваме на единство и личен продонес кој е искличително потребен во овој период.

Македонскиот Народ, во Македонија и во дијаспората поминува низ екстремно турбулентна деценија, неизвесна иднина и период во кој неопходно е повеќе од кога и да е, сите ние да застанеме гордо, чесно, со полно срце, патриотизам, ентузијазам, разум и одговорност на столбот на одбраната на народот и нацијата, да застанеме против обезличувањето на Македонскиот Народ, идентитет, јазик и култура. Тоа сите ние им го должиме на нашите предци низ вековите и на нашите идни поколенија.

Пред сите нас е демократска борба. За да бидеме победници, успешни, силни и единствени, мораме секојдневно активно да бидеме присутни во јавноста во државите каде што работиме и твориме, но и во матичната држава. Тоа е причината за овој наш повик, за подршка и симболична донација од само 10 долари кои со Ваша масовна подршка, уште повеќе ќе го зајакнат гласот на ОМД, а со тоа и Вашиот глас, во дијаспората и во Македонија.

Искрено се надеваме дека ја препознавате важноста на оваа акција и несебично ќе донирате симболични 10$ за овие цели.

Кликнете овде за да донирате.

Однапред благодарни,

Обединета Македонска Дијаспора