Повик за Македонско Национално Единство

Почитувани Македонци,

Ова се историски моменти од нашето опстојување. Секојдневно сме сведоци на надворешни, a најразочарувачко и внатрешни обиди за уништување на вековниот македонски идентитет. Самобитноста ни е загрозена од тие кои што се задолжени од народот за одбрана на Македонија и нејзиниот национален интерес. Прво, Владата на Република Македонија и Парламентарниот состав, а со последниот акт и од Синодот на МПЦ, како духовни водачи на православните Македонци.

Не навлегувајќи во причините за испраќање писмо до БПЦ, ОМД најостро го осудува овој акт кој го смета за директен обид за целосно поништување на вековната историја на Македонскиот народ како засебен. Ние цврсто веруваме дека нашиот народ и свештенството на МПЦ не се согласуваат со овој исклучително негативен акт на Синодот на МПЦ. Црквата е на народот, без кој не би постоела. Народот НЕ се согласува да има маќеа, народот има само една мајка, Македонија!

Македонци, ве повикуваме да застанеме сите заедно, сложни, активно во одбрана на нашето вековно име Македонија и нашите национални стратешки интереси. Ги повикуваме сите организации на македонците во дијаспората на координација и правовремена активност. ОМД ги нуди своите капацитети и е максимално отворена за соработка и координација. Во овие моменти, без разлика на основачкиот статут и програмските активности, секоја организација, здржение и кружoк, потребно е ЗАЕДНО и сплотено да делува против нередието во матичната земја. Нашата мрежа, контакти и активности стојат на располагање.

Ајде здружени да му кажеме стоп на разнебитувањето на нашата Македонија. Заедно сме посилни!

Ве молиме контактирајте не на нашиот е-маил [email protected]
Заедно можеме, за народот, за Македонија.

Со почит,

Обединета Македонска Дијаспора