UMD Statement on Formation of Macedonia’s New Government

As a leading non-governmental, non-political organization, founded in 2004, working to promote Macedonia and the Macedonian diaspora outside of our homeland, the United Macedonian Diaspora (UMD) welcomes the peaceful transition of power that occurred today in Macedonia and wishes the new government much success in performing their duties.

UMD will work with this government, as it has worked with previous governments over the past 13 years, and will continue to work with future governments in power to make Macedonia a socio-economically stable nation we can all be proud of – a unique gateway to Southeast Europe and a regional leader. We are certain this is possible through hard work and reforms in good governance, rule of law, and a strong free market economy. We will also work to ensure the new government respects the sovereignty, unitary character, and territorial integrity of the Macedonian state. Moreover, we believe that the role of the opposition is equally as instrumental in keeping government institutions accountable and transparent to the public.

UMD will continue to push support for Macedonia and its full-membership into NATO and the EU, without a change to Macedonia’s name and identity. UMD reiterates its long-standing policy urging Macedonia’s government to withdraw from the farcical UN-led name negotiations, which is in violation of the Universal Declaration of Human Rights and the right to self-determination.

ОМД го поздравува формирањето на новата влада во Македонија

Како водечка невладина, непартиска организација, основана во 2004 година, која работи на промоција на Македонија и македонската дијаспора надвор од нашата татковина, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ОМД ја поздравува мирната транзиција на власта што се случи денес во Македонија и и посакува на новата Влада многу успех во извршувањето на нивните должности.

Следејќи ја 13 годишната практика, ОМД ќе продолжи да соработува и да работи со секоја влада на власт со цел афирмација на Македонија како уникатен портал во Југоисточна Европа и регионален лидер по својата стабилна социо-економска политика. ОМД е сигурна дека стекнувањето на овој епитет е возможно и ќе се достигне само со напорна работа и реформи преку одговорно владеење на новата Македонска влада со исклучително владеење на правото и силна слободно пазарна економија. Исто така, ОМД ќе работи активно новата влада да го почитува суверенитетот, унитарниот карактер и територијалниот интегритет на македонската држава. ОМД верува дека улогата на опозицијата е подеднакво инструментална во одржување на владините институции одговорни и транспарентни за јавноста.

ОМД ќе продолжи да го застапува својот цврст став и поддршка на Македонија и нејзиното полно-правно членство во НАТО и во ЕУ, без промена на името, идентитетот, јазикот, и културата на Македонија. ОМД го потенцира и повторува својот долгогодишен став за повлекување на македонската влада од фарса преговорите предводени од ОН за нашето Уставно име кои се целосно спротивни на правото за сопствен идентитет и самоопределување.

Please follow and like us: