ОМД: Дејствувањето на Конгресната Група за Македонија е од витално значење за зацврстување на Американско-Македонските односи

Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува напорите на Конгресната група за Македонија и Македонските Американци (во понатамошниот текст дефинирани како “Македонската Група”), кои се од клучно значење за зацврстување на Американско-Македонските билатерални и стратешки односи. Над 30 членови на Конгресот кои вклучуваат Републиканци и Демократи, се дел од Македонската група, чија идна посета на членовите во Македонија како основа за завцрстување на билатералните односи помеѓу земјите, ОМД со нетрпение ја очекува.

Во претходниот период, Групата покрена иницијативи за помош на Македонија на патот кон своето членство во НАТО, како и иницијативи за помош при имплементација на Декларацијата за Стратешко Партнерство и Соработка помеѓу Соединетите Американски Држави и Македонија.

Македонија од 1999 е изоставена од агендата за посета на Американскиот Претседател, од 2003, земјата е изоставена од агендата за посета на Државниот Секретар, додека од 2007, не бележи ни посета од Американски Секретар за Одбрана. ОМД верува дека ова е пропуст на САД во надворешната политика кој допринесе за раст на антиамериканизмот и го олесни патот за мешање во внатрешната политика на Македонија од страна на други земји.

Во прилог на придонесите на Република Македонија за глобалната безбедност во Авганистан, Босна, Ирак и Косово во партнерство со Соединетите Американски Држави, ОМД го повикува Секретарот Рекс Тилерсон да ја посети Македонија што е можно побргу за да го потврди американското пријателство и македонскиот недискутабилен суверенитет и унитарен територијален интегритет.

По обновувањето на Македонската Група за 115-тиот Конгрес, Ко-Претседавачите Дејв Трот (Р-Мичиген-11), Брендан Ф. Бојл (Д-Пенцелванија-13), Стив Стиверз (Р-Охајо-15) и Деби Дингел (Д-Мичиген-12) потврдија дека:

“Македонија е значаен партнер во унапредувањето на напорите на САД за национална безбедност ширум светот. Исто така, Македонската Дијаспора во САД е значаен дел од нашата заедница со свој придонес кон диверзитетот и напредокот на целиот наш народ. Ние сме горди на обновата на Македонската Група за 115-иот Конгрес во насока на истакнување прашања кои влијаат на Македонско-американската заедница и едукација на нашите колеги за значајната улога која Македонија и македонската дијаспора ја имаат во понатамошно зацврстување на американските интереси.”

“Трот, Бојл, Стиверз и лидерството на Дингел, во ова време на неизвесност, се основниот инструмент за подобрување на Американско-Македонското стратешко партнерство, кое бележи пад откако Македонија беше блокирана за учество во НАТО во 2008-та година”, изјави претседателот на ОМД Методија А. Колоски. “ОМД и Македонско-Американската заедница, се подготвени да работат со Македонската Група во зајакнување на билатералните односи, кои ќе ги унапредат интересите и потребите на нашата заедница и вредности на надворешната политика на САД.”

“Суверена и силна Македонија и македонски народ служат во корист на нашите заеднички интереси, поради што ние мора да го поддржиме и не смееме да го потцениме нашиот важен сојузник”, изјави Конгресменот Дејв Трот по провокативните коментари од Конгресменот Дана Рахрабахер (Р-Калифорнија-48), која подоцна изрази извинување по реакциите на ОМД.

Неодамна, Сенаторот Мекејн, Претседавачот на Комитетот на Сенатот за Вооружени Служби и добитник на ОМД Меѓународна награда за слобода во 2011 година, отпатува во земјите од Југоисточна Европа по чија работна посета следуваше статија во Вашингтон Пост насловена како “Балканот повторно се вжештува, додека Вашингтон никаде го нема”, во која тој наведува дека “По двете светски војни, САД се обврза на Европа која е целосна, слободна и во мир. Ние го сторивме тоа благодарение на генерацијата на државници кои препознаа дека американското лидерство е од суштинско значење за постигнување мир и просперитет во Европа, чија цел што беше и се уште е во националните безбедносни интереси на САД … Согласно, поучени од лекциите од минатото, ние мораме да останеме доследни кон нашата обврска за зачувување на мирот и стабилноста во Југоисточна Европа, без игнорирање на регионот на наш сопствен ризик”, изјави Сенаторот Мекејн во интервју за Гласот на Америка, со дополнување дека не е во ничиј интерес да се види распаѓањето на Македонија.

Основана во 2011-та година од страна на тогашната Конгресменка Кендис С. Милер од Мичиген, Конгресната група за Македонија и Македонските-Американци е двопартиска група на членови на Конгресот посветена на одржување и зајакнување на позитивната и врска со меѓусебна корист помеѓу Соединетите Американски Држави и Македонија.

ОМД ги охрабрува Американците со Македонско потекло да се вклучат и да ги повикаат своите членови на Конгресот да се приклучат на Македониската Група со проследување на линкот тука.

Приклучете се на 4та Македонско-Американска Лидерска Конференција и Денови во Конгрес на 8ми до 10ти јуни во Вашингтон. Кликнете тука за повеќе информации.