ОМД се сретна со заменик-лидер на опозицијата во Австралија

Делегација на Обединетата Македонска Дијаспора (Австралија) се состана со лидери од Австралискиот Парламент со цел за унапредувањена Австралиско-Македонските односи и зближување помеѓу македонската заедница и австралиската влада и парламент. Оваа година се одбележува 20-годишнината од воспоставувањето на билатералните дипломатски односи помеѓу Австралија и Македонија.

Во овој контекст, делегацијата се сретна со Таниа Плиберсек, пратеник во собранието и заменик-лидер на опозицијата и министер во сенка за надворешни работи и меѓународен развој. Таниа Плиберсек е федерален пратеник за Сиднеј. Таниа е по потекло Словенка и е многу почитувана за нејзината позитивна улога во мултикултурната Австралија. Таниа е добро запознаена со предизвиците и можностите на Македонската интеграција во НАТО и ЕУ и ја разбира загриженоста на Австралиско-Македонската заедница во однос на Австралиската политика за Македонија. Делегацијата од ОМД беше во следниов состав: Мартин Николоски, Снежана Димитровска и Ордан Андреевски.

Директорот на ОМД Австралија, Ордан Андреевски појасни “Таниа Плиберсек е активен и влијателен член на опозицијата, на Австралиски-Македонската парламентарна пријателска група и на Здружениот Постоен Комитет за Надворешни Работи, Одбрана и Трговија. ОМД работи со погоре напоменатите важни институции за да ја подобри Австралиско Македонската врска и да одржува блиски врски со Австралиската Влада и Австралискиот Парламент. Таниа Плиберсек, Австралискиот Министер за Надворешни Работи Џули Бишоп и други видни федерални членови на Куќата на Претставниците и Сенатот во Австралија планираа да се сретнат со Македонскиот Министер за Надворешни Работи Никола Попоски како дел од работната посета во Канбера на крај на мај. Посетата на Австралија од страна на Министерот Попоски беше одложена за подоцна оваа година.”

“ОМД Австралија ја повикува Австралија да се приклучи кон стратегиски иницијативи за подобрување на мегународниот имиџ и влијание во меѓународните односи. Вклучувајќи повик за нова Бела Книга на Австралиската Надворешна и Трговска Политика; Парламентарна Истрага на Австралиската Политика кон Македонија; повторен поттик на Австралија да ја признае Македонија под уставното име за почеток на нова ера на блиски и значајни врски; посветување кон Патоказот за Унапредување на односите помеѓу Австралија и Македонија и Изјава за осудување на неодамнешниот терористички напад врз Македонија и за поддршка на Македонскиот суверенитет, безбедност и економски просперитет. ОМД исто така започна онлајн петиција за поттик за прознавање на уставното име на Македонија од страна на Австралија”.

“Ги повикуваме сите Македонци и македонски организации во Австралија да ги мобилизираат нивните социјални, економски и политички мрежи за да ги охрабрат нивните избрани претставници во Претставничкиот дом и во Сенатот за да се заложат за изградба на поблиски врски со Македонија и нејзината дијаспора. Се зависи од нашето ангажирање на сите заинтересирани странки и ефективност. Сега имаме историска можност да ги оствариме целите кои ја обединуваат нашата заедница во Австралија и да се поврзиме со Македонија “.

Уште од 2004 година, ОМД работи активно да основа национални, парламентарни и политички дебати во Австралија на низа важни прашања од јавната политика, надворешните работи и истражувачки прашања. Овие вклучуваат начини за подобрување на билатералните односи помеѓу Австралија и Македонија; барања до Австралискиот Парламент да се зголеми влијанието на прекуокеанските доселеници во Австралија, испитување на мултикултурализмот и социјална приклученост, Анкета на Австралиската Програмата за Меѓународен Развој и Поддршка, од Австралискиот Истражувачки Совет Проектот Поврзување на Македонската Дијаспора во Австралија: Тековни и Потенцијални врски со Татковина” и приднеси кон Австралиската Конзуларна Стратегија за 2014-2016 и кон Предлогот за Нова Бела Книга за Австралиските Надворешни Работи и Трговската Политика.