ОМД ги осудува провокациите од Албанскиот Премиер

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) не ги подржува најновите изјави на Албанскиот Премиер Еди Рама во врска со Република Македонија, дел од неговото обраќање на регионалната конференција во Тирана на 20ти мај. Господин Рама изјави дека ќе стави вето на членството на Македонија во НАТО доколку Македонија не го спроведува Охридскиот Рамковен договор во целост. Тој исто така тврди дека македонските власти погрешно го категоризираат неодамнешниот напад во Куманово како тероризам извршен од страна на косовските Албанци и Македонци од албанско етничко потекло.

ОМД е разочарана од ниските провокации на г-дин Рама:

Прво, г-дин Рама треба да се фокусира на ситуацијата во неговата држава, а не да се меша во внатрешните работи на својот сосед, Македонија. Меѓу другите работи во неговата земја, г-дин Рама треба да посвети внимание на правата и третманот на Македонското етничко малцинство во неа. Всушност, иронично е што г-дин Рама се одлучил да фрла камења на другата страна на границата кога тој живее во својата стаклена куќа. Во овој случај, од 1991 Република Македонија има формирано многубројни владини состави со лидери од етнички Македонци и Албанци во државата. Од друга страна, етничко албанско малцинство во Македонија досега имало, и продолжува да има главна улога во владеењето на државата во која нејзините членови се државјани. Дa се прикаже поинаку е лажно. Ние очекуваме и се надеваме дека г-дин Рама не се обидува да го разгори оганот за Голема Албанија што во одреден момент вклучува и делови од Македонија, како и Грција, Косово и Црна Гора. Да го стори тоа би било многу неодговорна постапка.

Второ, аверзија на г-дин Рама за користење на терминот терористи да се опишат оние кои го поттикнаа грозоморно насилство насочено кон македонските полициски сили во Куманово е збунувачки. Кој термин поточно ги опишува поединци кои се чини дека имаат намера да ја дестабилизираат областа (и земјата)? Особено со оглед на претходно иредентистичка активност, како и поврзана пропаганда, во делови на Македонија, тоа разумно е да се види тековното насилството како политички инспирирано – што го класифицира како прототип форма на тероризам.

Конечно, со оглед на значителната насилството што на Балканот во текот на изминатите 25 години, сосема е вознемирувачки за лидер во овој регион да додава масло на буре барут. Особено во овој случај, со оглед на политичката кревкост во Македонија од неодамна. Аналошки: Кога куќите во селото се доблиску, секој треба да биде желен да му помогне на комшијата да го изгасне оганот. Г-дин Рама, пак, се чини дека го распалува оганот за своите погрешни цели. Југоисточна Европа воопшто, и Албанија и на Македонија посебно, ќе бидат побезбедни и постабилни ако Македонија стане членка на НАТО. Да се закануваат со неправилно користење на правото на вето за да се задржи влезот на Македонија во Алијансата е доказ за миопичниот оглед на ситуацијата во овој регион од страна на г-дин Рама.

ОМД го повикува г-дин Рама да престане со неговата неумереност, и наместо тоа да се покаже како добар сосед. Со тоа, тој ќе помогне кон создавањето на попросперитетна и побезбедна Југоисточна Европа.

Please follow and like us: