Комеморација на ОМД по повод 100 години од атентатот на Јане Сандански

На денешен ден, 22 април, 2015, се означува цел еден век од атентатот на еден од најголемите македонски народни херои, Јане Сандански. Сандански е познат по неговото водство во текот на доцниот деветнаесети и почетокот на дваесетиот век, во период кога македонскиот народ војува и се бори за слободна и независна Македонија.

ОМД ги повикува лидерите во Македонија да ги користат идеалите и принципите на Јане Сандаски и нашите претци со цел да изнајдат решение за моменталната политичка криза која владее во земјата.

“Македонија на македонците” и “Слобода или смрт” се слоганите кои во тоа време Сандански и другите македонски лидери ги користaт за обединување на македонскиот народ. Нажалост тој и безброј други храбри Македонци за тоа ја платија цената со нивните животи, додека македонскиот народ продолжи да биде поделен и угнетуван од други.

Како резултат на борбата и водството на Сандански и неговите истомисленици, за време на Илинденското востание и подоцна во текот на Втората светска војна, Македонците успеаа да создадат независна држава на дел од географската територијата на Македонија. Борбата од деветнаесетиот и дваесетиот век, продолжуваат и денес во дваесет и првиот век, со оглед на тоа дека македонскиот идентитет е сеуште под напад на истите тие сили кои кон почетокот на минатиот век ја окупираа и поделија Македонија и по секоја цена сакаа да го уништат постоењето на посебен македонски народ и идентитет.

Наследството на Јане Сандански е непроценливо и ОМД ја слави неговата жртва за слободна Македонија имајќи на ум дека неговата борба сеуште трае. Благодарение на Сандански и неговите истомисленици, ние денес имаме слободна и независна Македонска држава. Македонците низ различни страни на светот треба да го почитуваат неговото наследство и преку заедничка соработка да осигураат не само опстанок, но исто така и просперитет за македонската држава и иденитет во годините кои доаѓаат.

Македонија, преку Крушевската Република, беше првата мултикултурна република на Балканот која уште во 1903 година ги промовираше универзалните вредности на слобода, демократија, културна и религиозна разновидност и човекови права. Токму тоа и претставува императив за слободниот свет да ја подржи и интегрира Македонија во регионалните и глобалните институции како НАТО без одложувања и изговори.

Македонскиот народ и неговата дијаспора треба да прават се што е потребно тешко добиената слобода и суверенитет да бидат штитени од закани и предизвици којшто престојат денес и којшто очигледно ќе постојат и во иднина. Нека ни служат делата на храбрите лидери како Јане Сандански како инспирација за нашата вечна обврска за одбрана и развој на македонскиот идентитет и македонската држава.