Став на ОМД околу изјавата на Рафис Алити

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) искажува незадоволство од изјавата на потпретседателот на Собранието, Рафис Алити од 11 април за прогласување на албанскиот како официјален јазик во Република Македонија. Албанскиот јазик во моментот е во широка употреба во многу институции во државата на национално и локално ниво и не е потребно негово официјализирање на целата територија во државата. Употребата на јазиците на малцинствата е утрвдена со закон, а Македонија е една од земјите на Балканот и во Европа што најмногу ги почитува тие права.

ОМД повикува на целосно почитување на Уставот и законите за употреба на јазиците и потсетува дека сите имаме обврска да ги штитиме македонските национални обележја: име, знаме и јазик.

Please follow and like us: