ОМД ги одликува Дејна Клајн и Николас Тау со Наградите Пријатели на Македонија

Вечерва, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ќе одликува двајца истакнати личности – Македонскиот Почесен Конзул Дејна Клајн и Николас Тау од Меѓународната Фондација за Музика и Уметност – со Наградите Пријатели на Македонија од ОМД во реномираниот Бејкхаус Арт Комплексот во Мајами. Двајцата Клајн и Тау се членови на Советодавниот одбор на ОМД од 2009 година.

Новиот амбасадор на Македонија во САД, д-р Васко Наумовски, ќе го отвори настанот со свечено обраќање на Вториот Годишен Прием на ОМД “Поврзување на Мајами со Македонија”, организиран во партнерство со НВО Арт Студио.

“Откако стана почесен конзул на Македонија во југоисточна Флорида, Дејна е многу ефективна во градење на профилот и имиџот на Македонија помеѓу заедницата на Мајами, која верувам многу не знаеја за Македонија, пред назначувањето на Дејна на оваа позиција. Таа претставува пример за сталоженост, сочувство и посветеност”, рече ОМД Ко-oсновачот и Претседател Методија А. Колоски. “Како резултат на напорите на Дејна, се јави голем интерес за економските прилики во Македонија кај бизнисмените од Југоисточна Флорида, и таа е домаќин на голем број деловни делегации во Македонија за подобрување на трговските врски помеѓу САД и Македонија.”

“Повеќе од една деценија, Николас ja промовира македонската култура во САД преку својата работа со ИМАФ, и во соработка со неговата сопруга Ирена преку НВО Арт Студио. Неговиот прв македонски проект беше објавувањето на книгата “Македонска Селска Облека: Си Оди, Си Оди, Отиде” од Наеда Робинсон прекрасно илустрирајќи ги изгубените стилови на Македонската носија. Љубовта на Николас кон Македонија и нејзинито богато наследство, музика и јазик е пример за секој пријател на Македонија”, рече претседавачот на ОМД Стојан Николов. “Великодушноста на Николас за создавањето на првото музичко ЦД на македонски јазик од Смитсонијан засекогаш ќе биде запаметено во американско-македонската историја.”

“Ние сме презадоволни дека нашиот Втор Годишниот Прием стана толку популарен во уметничките кругови во Мајами, дипломатските и бизнис-заедниците, особено со оглед на одликувањето на Дејна и Николас од страна на ОМД”, рече ОМД претставникот за Мајами Мишко Јосифов. “ќе присуствуваат дипломати од Бахамите, Барбадос, Бразил, Естонија, Финска, Јамајка, Македонија, Словачка, Тајван, Тајланд и Турција на приемот”.

За време на приемот, Почесниот Генерален Конзул Клајн свечено ке го објави назначувањето на Г-ѓа Ирена Гапковска од НВО Арт Студио како Аташе за Култура на Почесниот Конзулат за Југоисточна Флорида, и г-дин Тау како Специјален Аташе.

ОМД ја користи оваа прилика да им се заблагодари за великодушната поддршка на НВО Арт Студио, Бејкхаус Aрт Комплекс, Мецлер Адвајзори, Емпајр Вино, Хотелот Лоус Мајами Бич и Горан Тевдовски.

Собраните средства од настанот ќе идат за едукативните и хуманитарни активности на ОМД, како и дел за поплавите во Македонија.

Биографии

Дана Л. Клајн е Почесен Генерален Конзул на Република Македонија во Југоисточна Флорида. Исто така, Г-ѓа Клајн е управен директор и сопственик на фирма за јавни и меѓународни односи „ДKMЦ, Инк“ во јужна Флорида и работи со недвижности како брокер и инвеститор.

Како Почесен Генерален Конзул, должностите на г-ѓа Клајн вклучуваат промовирање на економски, културни и образовни размени, како и создавање на партнерства и инвестиции. Како управен директор на ДKMЦ, Инк., г-ѓа Клајн има специјализирано во областите на маркетинг, односи со јавноста, и развој на бизнис за различни клиенти и индустрии. Програмите на кој таа работи вклучуваат: маркетинг менаџмент и стратегија, управување на проекти, менаџирање на доход, брендирање, односи со медиумите и јавноста, пишување на копија, односи со клиенти, владини организации и инвеститори и специјализиран таргет маркетинг.

Г-ѓа Клајн има примено многубројни награди вклучувајќи: Грант за турска културна турнеја, Клуч за општина Бровард, номинација за личност на годината во малите бизниси, Награда за извонредност од здружението на жени во Американскиот бизнис, награда за креативна програма за спречување на криминал во Бровард општината, прво место за продукција на најдобро видео за спречување на меѓународен криминал, благодарница од Американскиот марински корпус, претприемач на годината во Флорида, и Холивуд претприемач на годината.

Дана Клајн магистрирала на Емерсон Колеџот по Медиумски менаџмент и дипломирала од Универзитетот на Сиракуза на факултетот за комуникации, радио, ТВ и филмска продукција како и на отсекот по англиски јазик.

Николас Тау работи во Лихтенштајнската Фондација за Меѓународна Музика и Уметност. Тој има искуство во театарски менаџмент, архитектура и деловен консалтинг. Своите додипломски студии по архитектура ги има завршено на државниот Универзитет на Њујорк во Бафало, а постдипломските на шкотскиот Универзитет во Глазгов. Г. Тау има служено на Извршниот комитет на националниот совет на операта Глимерглас и бил заменик-претседател на Советот на соработници на библиотеката Пјерпонт Морган. Претходно, бил член на одборот на Њујоршката државна историска асоцијација како и на Светскиот фонд за споменици како и на повеќе уметнички асоцијации од кои би го споменале и Македонскиот уметнички совет. Своето време го дели помеѓу Скопје и Мајами Бич, Флорида.

Ирена Гапковска е претседател и основач на НВО Арт Студио, невладино (непрофитно) отворено ликовно студио основано во 1998 година, кое сеуште работи под нејзина дирекција во Скопје, Македонија. Ирена беше графички дизајнер за весникот Елена и за списанието Нова Македонија, добитник на Националната награда за најдобра уметничка илустрација. Таа магистрираше по графичка уметност од Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Академијата за Ликовни Уметности во Скопје, со магистерски труд насловен Симболизмот во Уметноста. Таа ја студирала античката Византиска техника на живописот и иконописот, кои ги научила во Велјушкиот манастир, во близина на Струмица, Македонија. Таа, исто така служи како ментор по уметност во KIC-QIK Културно-Информативниот Центар и како инструктор во Музичкото и Уметничко Училиште Koнчертино, и ја има претставувано Република Македонија на конференции и изложби во Швајцарија, Полска, Азербејџан, Франција, Холандија, и Соединетите Американски Држави. Таа е постојан уметник во Бејкхаус Арт Комплексот во Мајами уште од 2010 година.