10та Македонска Маскарада за Василица Хит за Вашингтонците

Овогодишната Маскарада за Стара Нова Година – Василица организирана од Обинетата Македонска Дијаспора (ОМД) во Амбасадата на Македонија во Вашингтон се одржа во Сабота, 17 јануари, 2015 со одличен успех.

Повеќе од 270 Македонци и пријатели на Македонија го посетија овој 10ти собир, секогаш одржан преку викендов пред денот на Мартин Лутер Кинг., поврзувајќи две Македонски традиции, Православната Нова Година и Вевчанскиот Карневал, со повеќе од 1.500 години традиција. Гостите носеа интересни костими и Венециски маски.

Посетувајќи ја Маскарадата втора година по ред, Керри Норрис од организацијата Италјаните во Вашингтон го опиша настанот како “нај екцентричен моден настан на годината во Вашингтон.”

Вашингтонците имаа уникатна можност да се запознаат со новиот Амбасадор на Македонија во САД, д-р Васко Наумовски, да заиграат Македонски ора на музика од DJ Nikifor и да ја пробаат вкусната Македонска храна и вино, донирано од Стоби и Балканскиот Вински Проект.

Откако одржаа поздравни говори, Амбасадорот Наумовски, Претседателот на ОМД Методија А. Колоски и претставникот за Вашингтон на ОМД, Жикица Паговски, заедно со македонскиот генерален конзул во Њу Јорк Гоце Карајанов ја кршеа традиционалната, домашна погача за Стара Нова Година, подготвена од Кони Мандич и паричката ја доби најсрекниот гостин на Маскарадата. Прогласени беа победниците за најдобра машка и женска маска и беа наградени со шише Македонско вино.

Официјалниот медијски спонзор на настанот беше The Hot Spots Network. За повеќе информации, погледете го видеото и сликите. Scene Bisnow исто така го покриваше настанот, може да ги видете слики на овој линк.

ОМД им се заблагодарува на International Professionals Group of D.C. and Sajith Kumar Menon за партнерството и оваа година, за привлечување на околу 100тина гости. Нивните слики се на овој линк. ОМД е благодарна на целиот организационен комитет и сите волунтери за успешното организирање на настанот.

Наредната година посетете не пак за 11тата годишнина во Сабота, 16ти Јануари, 2016.