Македонско канадските адвокати го повикуваат Груевски да се повлече од уставната промена

ОМД го постира ова по барање на МЦЛА. Доста од членовите на МЦЛА се и членови на ОМД.

На 29 октомври 2014 година, врвниот канадски правник и претседател на Друштвото на македонските канадски правници (МЦЛА), Крис Г. Палиаре О.Онт. испрати писмо до претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски, изразувајќи силно противење на предложениот уставен амандман XXXIII, со кој ќе се забранат истополовите бракови, како и воведување забрана за граѓански заедници или било која друга форма на животно партнерство за истополовите партнери. Кликни тука за целосна писмо.

Мислењето на МЦЛА е во согласност со мислењето на Извештајот од 13 Октомври 2014 на Венецијанската комисија на Европската комисија за демократија преку правото на предложените измени и дополнувања на Уставот на Република Македонија. Кликни тука за Извештајот на Венецијанската комисија.

Македонско-канадското здружение на правници, каде се претставени повеќе од педесет канадски адвокати со македонско потекло, во согласност со мислењето од Извештајот на Венецијанската комисија и со цврст став, го повика премиерот Никола Груевски да се повлече овој предлог на Нацрт-амандмани на Уставот на Република Македонија. До денес, ниту претседателот Иванов ниту премиерот Груевски не одговорија на ова барање.

Палиаре истакна неколку работи околу тоа зошто уставниот Амандман XXXIII ќе биде ,,нездрав‘‘ за Република Македонија.

Прво, не постои рационално-правно оправдување за овој уставен амандман. Единственото оправдување што може да произлезе е поради политички цели, кои никогаш не треба да бидат дел од владината програма, кога се во прашање човековите права.

Второ, доколку самата држава Македонија се ангажира во уставна дискриминација на сопствениот народ, така ќе се оневозможи тешкиот процес на убедување на другите земји за потребата од заштита на македонските човекови права, бидејќи се чини дека истите не се достојни за заштита на сопствената територија.

Трето, во писмото се истакнува дека во повеќе или во шест наврати ЛГБТИ Центарот за поддршка во Скопје беше нападнат во текот на изминатите две години, од кои во пет од случаите нема правни последици, вклучувајќи го и нападот што се случи на 23 октомври 2014 година во кафе-барот ,,Дамар‘‘ во Скопје врз ЛГБТ заедницата, при што вооружени, маскирани хулигани извршија напад за време на прославата за 2-годишното постоење на ЛГБТИ Центарот за поддршка. Палиаре тврди дека шестте напади од последните две години, без било кој од сторителите да се гонети или изведени пред лицето на правдата, не е нешто со што Македонија треба да се гордее.

Палиаре понатаму тврди дека со предложените уставни измени ќе се поттикнат овие напаѓачи и следбеници кои сметаат дека ЛГБТ членовите и нивната заедница на некој начин се помалку вредни членови на општеството поради нивната сексуална ориентација, што пак може да резултира со разгорување на уште повеќе хомофобично насилство од омраза во земјата.

На крај, Палиаре го потенцира економскиот удар кој земјата ќе го доживее доколку овој амандман помине, особено поради тоа што Владата на премиерот Никола Груевски активно бара странски директни инвестиции. Ако клучните вработени се во истополовите бракови или нивните деца се во таков однос, тоа може да биде пресуден фактор во нивното одлучувањето да се лоцираат на друго место. Компаниите имаат голем избор за тоа каде може да се лоцираат, и токму таму ќе се лоцираат. Дополнително, туризмот неизбежно ќе биде негативно афектиран, оние кои се во вонбрачна заедница или во заедница помеѓу истополови партнери нема да се чувствувате удобно додека ги трошат нивните пари во една земја која усвоила одредба во Уставот како Амандман XXXIII.

Please follow and like us: