Реакција на ОМД околу изјавата на новоназначениот Американски Амбасадор

Обединетата Македонска Дијаспора изјави загриженост во врска со терминот Словени употребен од страна на претседавачот на Комитетот на Надворешна Политика на Американскиот Сенат Сенаторот Крис Мерфи од Конетикет и на новоназначениот амбасадор Бејли за време на неговото сослушување во Сенатот.

Исто така, ОМД остро ја осудува изјавата на Артан Груби кој што константно ја доведува во прашање државноста на Република Македонија. Очигледно е дека господинот Груби има лојалност кон друга држава и затоа најдобро би било тој да ја напушти Македонија и да стане пратеник во таа држава.

ОМД го осудува секој напад на идентитетот на Македонците и на државноста на Република Македонија и ширум светот се бори против ваквите непристојни напади. Користење на терминот Словени за опис на македонската нација истовремено со користење на името на националната припадност на останатите ѓраѓани на Македонија предизвикува голема загриженост во македонската дијаспора.

Од извори блиски на Американската влада, ОМД доби објаснување дека изјавата беше извадена од контекст и дека Америка ќе продолжи да ја поддржува Македонија и Македонците. САД е и останува најголем пријател на Македонија.

Please follow and like us: