Одговор на ОМД на комичната колумна

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги отфрла нападите напишани во колумната издадена на 8ми август од страна на страницата Mkd.mk. Ние не знаеме дали треба да се смееме на овој несериозен текст или да поднесеме тужба за клевета. Во секој случај, оваа колумна е збирка на лажни обвинувања од страна на авторот и е најнов пример на дезинформации и ставови на неинформирани и/или неискрени противници. Како што вели старата македонска поговорка “не е проблем што лажеш, проблем е тоа што мислиш дека ти верувам!”

Демократските принципи дозволуваат поединци слободно да го изразат своето мислење, дури и ако тие мислења се измислици и клевети. Меѓутоа, читателите треба да изразат здрав скептицизам кога некој пишува фантастични тврдења, како што се тврењата на авторот на оваа колумна – особено кога поединецот не беше присутен на дебатите за кои тој пишува. На оваа колумна се спротиставуваме со факти кои можете да ги прочитате подолу. Меѓутоа се прашуваме, можеби авторот треба да се фокусира на пишување на новели, и со тоа неговата креативност и наклонетост кон теориите на заговор ќе служи многу подобро на општеството. Во секој случај, следниве факти се релеванти:

1. На 18ти јули 2014 година, Коалиција за Југоисточна Европа (неформално тело, регистрирано како 501 (c) (3) добротворна организација), задно со институтот за дипломатија и Конгрес Ричард Лугар при германскиот Маршалов фонд, беше домаќин на брифинг во американскиот Конгрес на тема енергиските проблеми и можности во Југоисточна Европа по оддржувањето на самитот на Г-7.

2. Брифингот преставуваше одлична можност Македонија и регионот да се вратат во фокусот на Вашингтон. Членството на Македонија во НАТО беше тема на разговор неколку пати во текот на брифингот, а преовладуваше и генерална согласност дека Македонија треба веднаш да биде поканета во НАТО алијансата. Целосен преглед на брифингот може да се прочита ТУКА.

3. Брифингот не беше организиран со цел да биде про-или анти-руски, ниту пак про-или анти-Јужен тек, туку со цел да се овозможи отворена платформа за експертите за енергетска безбедност од Вашингтон да се изразат во врска со актуелната енергетската инфраструктура во Југоисточна Европа, како и за можностите на пазарите во САД и ЕУ. Јужниот гасен коридор, Јужен тек, ТАП, Набуко, и други проекти беа дискутирани во текот на брифингот.

4. Ниту ОМД ниту претседателелт на ОМД никогаш јавно не ја ставале во прашање целта на Македонија да има пристап до Јужен тек, ниту пак објавиле изјави кои би биле про или анти Русија. ОМД има претставник во Санкт Петербург, и негува добри односи со руските дипломати во Вашингтон и во седиштето на Обединетите Нации.

5. Во интервју за Гласот на Америка, претседателот на ОМД јавно наведе дека САД треба да активно да помогне на земјите од југоисточна Европа за развивање на подобра енергетска инфраструктура (за да го видите видеото на македонски кликнете ТУКА).

6. Еден од говорниците на брифингот, кој не е поврзан со ОМД, повика Македонија, како и Бугарија и Србија, да ја повлечат својата поддршка за изградбата на “Јужен тек”. ОМД не може, ниту пак имаат намера да се обиде да ги контролира изјавите дадени од говорниците на настани организирани од страна на ОМД или други организации.

7. Со оглед на случувањата во Украина, како и последователните санкции на Русија од страна на САД и ЕУ, ОМД силно верува дека Македонија и регионот треба да развијат мулти-страна стратегија за енергетската сигурност, со која Македонија и регионот не би биле зависни од поединечен извор на енергија.

8. ОМД верува дека Македонија треба да има сигурен и достапен пристап до гас од повеќе добавувачи, со цел да ги намали своите ризици на снабдување, како и да ја намали цената што Македонците ја плаќаат за енергија.

9. ОМД не е регистрирана како лоби група како што авторот на колумната тврди. Понатаму, ОМД нема скриени донатори или тајни агенди. Наместо тоа, политиките и ставовите на ОМД се формирани од страна на членовите на ОМД, потоа овие ставови се одобрени од страна на Одборот на директори на ОМД, а се извршени од страна на претседателот на ОМД.

10. ОМД не работи во полза на никоја влада. ОМД не ја претставува американската влада, ниту било која друга влада. ОМД нема да дозволи да биде под притисок на државна влада, група или поединец кога ги формира своите политики и ставови. Со својата повелба и во пракса – како непрофитна организација – ОМД постои само за да се промовира, унапредува и едуцира јавноста и креаторите на политиките од целиот свет за стратешките цели на Македонија и луѓето кои се идентификуваат како Македонци.

ОМД промовира слобода на говор и изразување на различни мислења. ОМД често организира јавни дебати на разновидни теми со кои се соочува Македонија и регионот. ОМД има обезбедено еднакви можности за сите гледишта да бидат преставени. За жал, се чини дека авторот на колумната има нетранспарентна агенда која не е не ниво на дебата основана врз факти.

ОМД е основана во 2004 година и денес преставува врвна меѓународна, невладина организација чија главна цел се интересите и потребите на луѓето со македонско потекло и македонските заедници ширум светот. Во текот на изминатите десет години, преку едукативен активизам, ОМД ги застапува интересите на Македонците на сосема ново ниво.

ОМД е првата македонска организација со канцеларија во Вашингтон, оддалечена само еден блок од белата куќа. Понатаму, ОМД има работено на повеќе значајни каузи за Македонија како што се: признавање на уставното име на Македонија, пристап до евроатланските институции, заштита на македонските човекови права, промовирање на нашата богата македонска култура како и влевање на гордост на помладите генерации во САД.

ОМД има оддржано четири успешни глобални конференции на кои се собраа над 2.000 гости од 26 земји. ОМД исто така брои докажани активистички и филантропски успеси, вклучувајќи го и основањето на првата пријателска група на Македонија во американскиот Конгрес од која Македонија црпи цврста поддршка за членство во НАТО. Понатаму, ОМД има донирано околу 30,000 долари за стипендии на македонски студенти, и над 35,000 долари во хуманитарна помош за Македонија, над 50,000 долари за културна промоција на Македонија, и од 2008 година па наваму, ОМД е домаќин на повеќе од 40 практиканти во канцеларијата на ОМД во Вашингтон.

Please follow and like us: