ОМД силно ги осудува забелешките на грчкиот премиер за прашањето за постоењето на македонскиот јазик

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), една од водечките организации за Македонците ширум светот, силно ги осудува коментарите на грчкиот премиер Антонис Самарас, искажани на 2 јули 2014 во Европскиот Парламент.

“Го игнорирам постоењето на македонскиот јазик,” изјави Самарас. “Постојат многу работи кои Комунистите ги измислија, и не би сакал да зборувам за тоа.”

ОМД е многу разочарана дека еден избран државник од Грција би одбрал да искористи саркастичен и раздразлив речник.

Во почетокот на 1990-тите години, тоа беше на грчкиот премиер, Антонис Самарас, кој беше архитект и пронаоѓач на т.н. “прашање за името” што Грција го користи како изговор за блокирање на Европската/Транс-атлантската интеграција и економски развој на Македонија во последните 20 + години.

Додека Република Македонија има за цел да ги унапреди напорите на заедничка и кооперативна Европа, ОМД смета дека изјави како што се овие, работат само да го уназадат напредокот направен да се запре дискриминацијата и прогонот на македонското малцинство во Грција.

Изјавата на премиерот Самарас ги потврдува стравовите на многу Македонци дека политичката опозиција во Грција се протега надвор од прашањето за името, туку се ориентирани околу неуспехот да се препознае историјата и културата на посебен македонски јазик и идентитет.

На 7 февруари 2014 година, Евгенија Натсоулидоу, Администратор на едукативните и културните движења на Воден, и во тоа време претставник на ОМД во Грција, испрати петиција за заштита на македонскиот јазик и култура на својата заедница во Грција до грчкиот премиер.

“Популација во Грција која го зборува македонскиот јазик е од автохтоно потекло во земјата, и нивниот македонски јазик има витално место во нивните срца и умови. Сепак, луѓето не можат да се бранат од асимилациската политика на грчката влада. За повеќе од 100 години, грчкиот јазик беше насилно наметнати на нас, и државата се обиде да донесе нашето лингвистичкото наследство до изумирање”, стоеше во петицијата.

ОМД ја повикува Европската Унија јавно да го изрази своето неодобрување на речникот употребен од страна на премиерот Самарас. Време е ЕУ да стави крај на шарадата што Грција ја прави од своите институции и основни вредности, како и да и каже на Грција дека што е многу, многу е. Се додека тоа не се случи, ЕУ само ќе ја охрабрува Грција и понатаму да го негира постоењето на Македонската нација и посебен македонски јазик, а со тоа нема да успееда ги задржи вредностите кои се основа на создавањето и постоењето на Унијата.

Please follow and like us: